„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА УСЛОВИТЕ И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА РЕПЛАСИРАЊЕ НА СРЕДСТВАТА ОД КОМПЕНЗАЦИОНИТЕ ФОНДОВИ ОД СТРАНСКА ПОМОШ (ОБЈАВЕНА ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.128/2022 ОД 03.06.2022)

06.06.2022

 Член 1

Во Одлуката за условите и критериумите за репласирање на средствата од Компензационите фондови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/12, 91/12, 5/13, 120/13, 23/14, 127/14, 190/15, 105/2020, 121/21 и 25/2022 ) член 4 се менува и гласи:
„Кредитобарателите треба да ги исполнуваат следните критериуми:
- Сопствено учество најмалку 10% од вкупната инвестиција (истото не мора да е во парични единици);
- Степен на тековна ликвидност од минимум 0,5 пресметан како сооднос на тековните средства и тековните обврски од Билансот на состојба за последната фискална година;
- Степен за способност за сервисирање на долг од минимум 0,3 пресметан како сооднос на нето добивката и амортизацијата од една страна и тековните обврски по камати и главници, од податоците содржани во Билансот на успех и Билансот на состојба за последната година);
- Позитивен финансиски резултат во последната фискална година, освен доколку кредитокорисникот приложи банкарска гаранција;
- Да нема достасани неизмирени обврски кон државата (даноци и придонеси);
- Согласно податоците од кредитниот регистар на Народна банка на Република Северна Македонија кредитокорисникот да е во класификација подобра или еднаква на Б (просечна ризичност) категорија на ризик или да немаат кредитна изложеност.
- При проверка на исполнетоста на критериумите и класификацијата од овој член не се зема во предвид изложеноста и билансите на поврзаните субјекти.
По исклучок од став 1 на овој член кредитобаратели можат да бидат:
- Новоосновани претпријатија чии што основачи се правни лица со позитивен финансиски резултат во последната фискална година и
- Претпријатија кои во последната фискална година оствариле негативен финансиски резултат доколку обезбедат банкарска гаранција за одобрениот кредит.
Член 2
Член 5 се менува и гласи:
„Средствата се одобруваат за кредити под следните услови:
1. За кредити за примарно земјоделско производство со кои може да се набават основни и обртни средства за:
- растително производство: поледелство (житни, индустриски, градинарски и фуражни култури), овоштарство, лозарство;
- Сточарско производство: говедарство, овчарство, свињарство, козарство, живинарство, аквакултура, пчеларство;
- Нова земјоделска погонска и приклучна механизација.
Износот на кредитот е до 30.750.000 денари.
Годишна каматна стапка е 1%.
Рок на враќање до 120 месеци со вклучен грејс период до 24 месеци за инвестиции и до 24 месеци со вклучен грејс период до 12 месеци за обртни средства.
За време на грејс периодот се пресметува и наплатува камата.
Провизија за управување се пресметува во висина од 0,6% годишно, а Развојна банка на Северна Македонија ќе ја наплаќа од фондот и тоа 0,15% квартално на салдото на пласирани кредити.
2. За кредити за преработка на земјоделски производи со кои може да се набават основни и обртни средства и тоа:
- Опрема за преработка на земјоделски производи;
- Изградба на нови и купување или реконструкција на постоечки производни објекти во функција на преработка и складирање на земјоделски производи;
- Откуп на земјоделски производи за преработка (најмалку 70% од основната суровина за преработка треба да биде со потекло од домашно производство);
- Набавка на сите видови компоненти за производство на добиточна храна;
- Набавка на компоненти од неземјоделско потекло во функција на крајниот производ (најмногу 30% од инвестицијата);
- Амбалажа и етикетирање.
Износот на кредитот е до 30.750.000 денари.
Годишна каматна стапка е 1%.
Рок на враќање до 120 месеци со вклучен грејс период до 24 месеци за инвестиции и до 24 месеци со вклучен грејс период до 12 месеци за обртни средства.
За време на грејс периодот се пресметува и наплатува камата.
Провизија за управување се пресметува во висина од 0,6% годишно, а Развојна банка на Северна Македонија ќе ја наплаќа од фондот и тоа 0,15% квартално на салдото на пласирани кредити.
3. За кредити за извоз на примарни земјоделски производи и нивни преработки со кои може да се набават основни и обртни средства за потребите на откуп и извоз и тоа:
- Разладни уреди за кондициско одржување на употребливата вредност на производите до нивната продажба;
- Машини за калибрирање и пакување;
- Изградба на нови и купување или модернизација на постоечки објекти за постбербени активности (складирање, кондициско одржување на производите до нивна продажба, калибрирање, пакување) за овошје и зеленчук и собирни центри за млеко;
- Откуп на примарни земјоделски производи наменети за извоз;
- Откуп на преработени земјоделски производи наменети за извоз (100% домашно потекло);
- Амабалажа и етикетирање.
Износот на кредитот е до 30.750.000 денари
Годишна каматна стапка е 1%.
Рок на враќање до 120 месеци со вклучен грејс период до 24 месеци за инвестиции и до 24 месеци со вклучен грејс период до 12 месеци за обртни средства.
За време на грејс периодот се пресметува и наплатува камата.
Провизија за управување се пресметува во висина од 0,6% годишно, а Развојна банка на Северна Македонија ќе ја наплаќа од фондот и тоа 0,15% квартално на салдото на пласирани кредити.
Кредитокорисникот и со него поврзаните лица наведени во изјавата за поврзани лица, може да користат само еден од кредитите од точка 1, 2 и 3 наведени во став 1 на овој член до максимално предвидениот износ на кредитот.
Член 3
Член 6 се менува и гласи:
„Користењето на кредити од член 5 од оваа одлука се остварува врз основа на поднесено барање до Банката.
Кон барањето подносителот е должен да достави:
- Инвестициона програма или бизнис план;
- Информација за тековна состојба на субјектот и тековна состоја за вистински сопственик, издадена од Единствениот трговскиот регистар при Централниот регистар на Република Северна Македонија;
- Докази за исполнување на критериумите утврдени во член 4 од оваа одлука:
- Потврда за запишано земјоделско стопанство и пријавени производни капацитети издадена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство при аплицирање за кредити за примарно земјоделско производство;
- За користење на кредити за откуп на примарни земјоделски производи да достави важечки договор за производство и откуп со примарниот производител;
- Решение за упис во соодветните регистри на преработувачи и извозници на земјоделски производи при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство при аплицирање за кредити за преработка на земјоделски производи и извоз на примарни земјоделски производи и нивни преработки;
- ЗП образец копија (образец за потписници во име на фирмата);
- Потписен картон (копија)
- Изјава за капитална поврзаност и изјава за носител на јавна функција;
- Биланс на состојба и биланс на успех најмалку за последната фискална година (копија);
- Ревизорски извештај (се однесува за трговски друштва кои согласно закон се обврзани да изготвуваат ревизорски извештај);
- Акционерска книга или книга на удели;
- Документација за можното обезбедување;
- Документација за основните средствата што ќе се финансираат од кредитот (понуда или профактура или договор или спецификација и сл.);“
Член 4
Член 7 став 2 се менува и гласи:
„Како обезбедување кон договорот за кредит на износ до 6.100.000 денари потребно е кредитокорисникот да приложи:
- Хипотека од прв ред на недвижен имот најмалку во висина од 1:1,00 во однос на износот на одобрениот кредит и пресметаната камата, и меница авалирана од сопственикот/сите сопственици на кредитокорисникот со менична изјава за уредување на правата и обврските по меницата во форма на нотарски акт со извршна клаузула, или
- Банкарска гаранција во висина на износот на одобрениот кредит.“
По став 2 се додаваат два нови става кои гласат:
„Како обезбедување кон договорот за кредит на износ над 6.100.000 денари потребно е кредитокорисникот да приложи:
- Хипотека од прв ред на недвижен имот најмалку во висина од 1:1,20 во однос на износот на одобрениот кредит и пресметаната камата, и меница авалирана од сопственикот/сите сопственици на кредитокорисникот со менична изјава за уредување на правата и обврските по меницата во форма на нотарски акт со извршна клаузула, или
- Банкарска гаранција во висина на износот на одобрениот кредит.
Проценката на заложениот имот со хипотека согласно став 2 и 3 од овој член се врши само при воспоставување на обезбедувањето од страна на овластен проценувач согласно позитивната законска регулатива.“
Член 5
Во член 8-а по став 2 се додава нов став 3 кој гласи:
„За сите исплатени кредити, без разлика дали се за основни или обртни средства потребно е кредитокорисникот да приложи доказ за наменско користење на средствата.“
Член 6
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Северна Македонија.
Бр. 41-4327/1
 Претседател на Владата
31 мај 2022 година
на Република Северна Македонија,
Скопје
д-р Димитар Ковачевски, с.р.