„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Обновување на товарниот возен парк“ на Железници на Република Северна Македонија-Транспорт АД Скопје, по скратена постапка

19.12.2025

 Предлагач е Владата на РСМ.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА: Целта на проектот е набавка на најмногу до пет електрични локомотиви, резервни делови за истите и ERP систем. Основно начело на кое се заснова овој предлог на закон е обезбедување на финансиски средства за да се овозможи реализација на проектот „Обновување на товарниот возен парк“ на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД - Скопје. Оттука, Република Северна Македонија и Европската банка за обнова и развој ќе склучат Договор за заем наменет за финансирање на проектот „Обновување на товарниот возен парк“ на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД, Скопје, во износ од 20,9 милиони евра.