„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за возила, по скратена постапка

15.12.2025

 Предлог група пратеници.

 

I.ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ Со Законот за возила („Службен весник на Република Македонија“ број 140/2008,53/11, 123/12, 153/12, 70/13, 164/13, 138/14, 154/15, 192/15 и 39/16 и „Службен весник наРепублика Северна Македонија“ број 161/19, 308/20, 87/23,148/25 и 160/25) се утврдуваат условите за пуштање на пазар и почетокот на користење на возилата, регистрацијата и техничката исправност на возилата, условите за извршување на работи на техничките служби, правните лица за технички преглед и правните лица за регистрација и регистарот на податоци за возилата. Во примената на постојното законско решение се утврдени недостатоци коиимаат влијание врз безбедноста во сообраќајот и функционалноста на новите системи, а се однесуваат на големиот број нерегистрирани и технички неисправни возила во сообраќајот; голем дел од сопствениците немаат ажурирани податоци за телефонски број на мобилен телефон и електронска адреса, што ја оневозможува ефикасната електронска комуникација; потребата од законска основа за усогласување со електронскиот систем „Безбеден град“, кој започнува со примена од 1 февруари 2026 година;административни тешкотии при регистрација на возила во сопственост на лизинг компании. Дополнително лицата со трансплантиран орган или ткиво и донорите на органи и ткива не се ослободени од надоместоци за употреба на патишта и од обврската за еколошка категоризација.Потреба од поголема професионализација на лицата кои вршат регистрација и усогласување на прекршочните одредби со новиот Закон за прекршоците се областите кои треба да се доуредат во постојната законска материја. Поради наведените причини, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, целосна дигитализација на постапките, поголема социјална правичност и целосно овозможување на примената на системот „Безбеден град“ од 1 февруари 2026 година се предлагат измените и дополнувањата на Законот за возила.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила се темели на истите цели и начела и основни решенија содржани во Законот за возила.