„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор (*)

31.07.2025

 Предлагач е Владата на РСМ.

 

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Предлогот на закон е имплементација на Директивата (ЕУ) 2016/2102 на Европскиот парламент и на Советот од 26 октомври 2016 година за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на органите од јавниот сектор, во националното законодавство на Република Северна Македонија. Со овој закон се создава правна рамка со која на лицата со попреченост и на старите лица ќе им се овозможи полесен пристап до информациите и услугите кои ги даваат/нудат институциите од јавниот сектор на нивните веб-страници и мобилни апликации, а со тоа ќе се придонесе и до поголема дигитална пристапност на граѓаните, како и по инклузивно општество во државата.