„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог закон за геологија

29.07.2025

 Надлежно е Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Цели на предлог регулативата

Намалување на ризикот од прекини во снабдувањето поврзани со критичните суровини кои веројатно ќе ја нарушат конкуренцијата и ќе го фрагментираат пазарот во Република Северна Македонија, особено преку идентификување и поддршка на стратешки проекти кои придонесуваат за намалување на зависностите и диверзификација на увозот и со преземање напори да се поттикне технолошкиот напредок и ефикасноста на ресурсите со цел да се ублажи очекуваниот пораст на потрошувачката на критични суровини во Република Северна Македонија;

 

- Транспарентен начин на доделување на концесиите за геолошки истражувања и увид во геолошка база на податоци.

 

- Усогласување со одредбите од Законот за државна инспекција за енергетика рударство и минерални суровини.

 

- Техничко подобрување и доуредување на текстот на Законот a во однос на Законот за минерални суриоовини и Законот за геолошки завод , во насока истите да бидат поприменливи во пракса.

 

- Доуредување на надлежности на Геолошки завод.

 

- Дигитална трансформација и овозможување на електронски услуги и постапки;

 

- Обезбедување слободно движење на критичните суровини и производи што содржат критични суровини пазарот, истовремено обезбедувајќи високо ниво на заштита на животната средина и одржливост, вклучително и преку подобрување на нивната циркуларност,

 

- Јасно дефинирање на сите видови на геолошки истражувања;

 

- Дефинирање на Геолошка документација за утврдување на резерви на минерална суровина согласно Правилник за категоризација и класификација на минерални суровини како и светски и европските стандарди и извештаи за резерви и ресурси.

 

- Зајакнување на мерките за безбедност, заштита на животната средина и здравјето на луѓето, така и од аспект на нивната цел и содржина;