„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за финансиска поддршка на инвестиции, по скратена постапка

25.07.2025

 Предлагачи се група пратеници.

I.ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Со Законот за финансиска поддршка на инвестиции („Службен весник на Република Македонија“ бр.83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19, 124/19 и 178/21) се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Северна Македонија и истиот претставува шема на помош согласно прописите со кои се уредува контролата на државната помош. Целта на овој закон е поттикнување на економскиот раст и развој во Република Македонија преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на економијата и на вработувањата. Со овој закон се врши бришење на дефиницијата „добавувач“ и исто така се прецизира дефиницијата за продуктивните почетни инвестици и „новоформиран деловен субјект“. Во делот на корисниците на финансиска помош се одредува минимум износ за продуктивната почетна инвестиција која изнесува 100.000 евра во денарска противвредност. Со овие измени се допрецизираат и условите за финансиската поддршка на нововработените лица, се допрецизираат условите и критериумите за опрадавни инвестициски трошоци за трансфер на технологија и know how, а исто така се предлага персоналните трошоци за истражувачи, техничари и друг кадар повеќе да не се поддржуваат. Со предлогот на закон се допрецизираат условите за реализација на финансиска поддршка за инвестициски проекти од значаен економски интерес за државата во однос на поддршката за нови вработувања и условите за исплата на средства, како и се допрецизираат условите за временска реализација на финансиската поддршка за инвестициски проекти од значаен економски интерес за државата во однос на поддршката за нови вработувања. Се појаснува кога во случај на испразнување на работно место по било која основа, деловниот субјект потребно е истото да го пополни во рок од три месеци, во спротивно потребно е да ги врати средствата кои ги добил по основ на новосоздаденото работно место. Со предложените измени и дополнувања се утврдуваат условите за раскинување на договор за финансиска поддршка, како и формирање на нова Комисија која ќе ги контролира договорите, нејзини членови, како и видот, начинот и обемот на вршење на контрола на договорите за финансиска поддршка. Заради поефикасно функционирање на органите на државната управа и прилагодување на современите потреби во некои области, меѓу кои во економијата и пазарот на труд, се пристапи кон измена и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со кој Министерството за економија се преименуваше во Министерство за економија и труд. Заради конзистентност на правниот систем и доследна примена на законските одредби во однос на надлежностите на ова министерство утврдени во член 11 со кој се менува членот 20 од Законот за изменување и дополнување на Законот за 4 организација и работа на органите на државната управа, потребно е усогласување на овие одредби со одредбите на постојните закони со кои се уредува оваа област. Од овие причини и заради доследност и усогласување на посебните закони со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, се предлага Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции се прецизираат одредбите и се врши усогласување со одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа.