„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
22.07.2025
Предлагачи се група пратеници.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Со овој закон се уредува иновациската дејност, принципите, целите и организацијата на примената на резултатите од иновациската дејност и од научно[1]истражувачката дејност, техничките и научно-технолошките знаења, пронајдоците и иновациите, мерките и активностите за поттикнување на иновациската дејност и примената на резултатите од иновациската дејност, научно-технолошкиот развој и претприемништвото и конкурентноста на микро, малите и средни претпријатија во Република Северна Македонија како и основањето, статусот, организирањето и работењето на Агенцијата за иновациска дејност, научно-технолошки развој и претприемништво (во натамошниот текст: Агенцијата) како и други прашања поврзани со иновациската дејност, научно-технолошкиот развој и претприемништвото. Цели на овој закон се воспоставување на единствен орган за иновации, научно[1]технолошки развој и поддршка на претприемништвото, воспоставување на ефикасен и функционален национален иновативен систем кој ќе овозможи континуиран технолошки развој, како и воспоставување на ефикасен и функционален систем за поддршка на претприемништвото. Со овој закон се воспоставува институционална рамка и субјекти за давање инфраструктурна поддршка за вршење на иновациската дејност, научно[1]технолошки развој и претприемништво преку утврдени надлежности на Министерството за образование и наука, Министерството за економија и труд и Министерството за дигитална трансформација. Законот го уредува формирањето на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво како највисоко владино тело за креирање на политиките во областа на иновациската дејност, научно-технолошки развој и претприемништво. Дефинирани се субјектите за давање инфраструктурна поддршка за вршење на иновациска дејност, субјектите кои го поддржуваат развојот на микро, мали и средни претпријатија. Предлог законот предвидува укинување на Агенцијата за поддршка на претприемништво на РС Македонија и на Фондот за иновации и технолошки развој и формирање на нова институција: Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво.