„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
30.06.2025
Предлагачи се група пратеници
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Целта на овој Предлог закон е да се поттикне вработувањето и економската активност на мајките со три или повеќе деца преку создавање на поволни услови за нивното вклучување на пазарот на трудот. Со ова Предлог законско решение се овозможува ослободување на работодавачите од обврската за уплата на придонеси за здравственото осигурување за нововработените мајки со три или повеќе деца, со што се намалуваат трошоците за нивно вработување. Предлог Законот има за цел унапредување на социјалната сигурност на семејствата со повеќе деца.