„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за здравственото осигурување, по скратена постапка

30.06.2025

 Предлагачи група пратеници

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Преку ова законско решение ќе се овозможи жените кои се ангажирани во земјоделската дејност и се осигурани преку Фондот за здравствено осигурување, под исти услови како и другите осигурани жени да го остварат правото на платен надоместок за време на бременост и породилно отсуство. Со уредување на ова право ќе се овозможи еднаквост, транспарентно и инклузивно делување меѓу жените вработени во формалниот сектор и оние кои самостојно работат како земјоделки.