„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
05.06.2025
Предлагач е Владата на РСМ.
I.ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа ќе се изврши намалување на царинските стапки за одредени стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во домашната индустрија. Со оваа измена се реализира Програмата за работа на Владата 2024-2028 во делот каде Владата се обврзала за постепена хармонизација на царинските стапки со стапките кои се применуваат во Европската унија адаптирано на извозно-увозните потреби на стопанството и на државата. Измената на Законот за Царинската тарифа се направи во консултации со Стопанската комора на РС Македонија и истата претставува продолжување на водењето на царинската политика во насока на поддршка на бизнис заедницата преку продолжување на усогласувањето на царинските стапки на најприоритетните суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија. Наведената законска измена е во насока на зголемување на конкурентноста на домашните компании кои извезуваат на странските пазари и зголемување на македонскиот извоз како и зголемен девизен прилив, а се очекува и зголемување на инвестициите и бројот на вработувањата. Предлогот на закон предвидува да се изврши намалување на царинските стапки до 50% од нивото на царинските стапки кои важат во Европската Унија, со што ќе се придонесе и за поголема усогласеност со Царинската тарифа на Европската Унија и во делот на царинските стапки, а притоа имајќи ги предвид и правилата на Светската Трговска Организација. Значајни сегменти кои се опфатени со новиот Предлог на закон е дека со истиот, ќе се намалат царинските стапки за поголем број на стоки, кои како суровини или репроматеријали кои се користат во домашните производствени капацитети, односно одделни производи (компоненти) потребни за производство на високо финални производи со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија. Исто така, со намалувањето на царинските стапки директно ќе се помогне во секторите на автомобилска, метало-преработувачката индустрија, металургијата и енергетика. Со Предлогот на закон ќе се изврши намалување на царинската стапка и за литиум јонски батерии за складирање на електрична енергија во секторот енергетика. Ова, од причина што батериите стануваат клучен елемент во балансирањето на енергијата, системските услуги, како и во планирањето на предавањето во мрежа на енергијата од обновливи извори на енергија со цел одржување на стабилноста на системот, но и осигурување на физибилноста на обновливите проекти. Намалувањето на царинската стапка за литиум јонските батерии за складирање електрична енергија во секторот енергетика е од големо значење и важност и истото директно ќе помогне на компаниите во енергетскиот сектор, во насока на зголемување на своите капацитети, зголемување на извозната конкурентност, и се очекува зголемување на инвестициите и бројот на вработувањата. Во контекст на ова, потенцираме дека и самиот Предлог на закон е правен во соработка и консултации со бизнис заедницата преку Стопанската комора на Република Северна Македонија. 3 Предлогот на закон не е предмет на усогласување со правото на ЕУ, односно со него се вршат дополнувања што се од национален карактер согласно националното законодавство, додека пак царинската стапка се намалува до 50% од нивото како што е во ЕУ, бидејќи со пристапувањето на РС Македонија во ЕУ ќе се преземат царинските стапки што важат во Царинската унија. Дополнително, со предложените измени се укинуваат царинските стапки за стоките со потекло од Соединетите Американски Држави.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Со предложеното изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа, ќе се изврши намалување на царинските стапки за одредени стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во домашната индустрија. Исто така, со предложените измени се укинуваат царинските стапки за стоките со потекло од Соединетите Американски Држави.