„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност

08.05.2025

 Предлагач е Владата на РСМ.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност се врши усогласување со одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.121/24), со Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/10, 135/11 и 55/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 239/22), како и со Законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 194/24.