„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ВИДОТ НА ЕНЕРГЕНТИТЕ, ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД, КАКО И НАЧИНОТ НА ПРЕСМЕТКАТА НА АКЦИЗАТА (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.58 ОД 12.3.2022 ГОДИНА)

12.03.2022

 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 92 став (12) од Законот за акцизите (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/19, 143/19, 225/19, 275/19, 77/21 и 57/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 12 март 2022 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ВИДОТ НА ЕНЕРГЕНТИТЕ, ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД, КАКО И НАЧИНОТ НА ПРЕСМЕТКАТА НА АКЦИЗАТА
Член 1
Со оваа одлука се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметката на акцизата, согласно член 92 став (11) од Законот за акцизите (*).
Член 2
Видовите на енергенти од член 1 од оваа одлука се:
  • Моторен бензин од тарифните ознаки 2710 12 45 00, 2710 12 49 00;
  • Гасно масло како погонско гориво од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00 и 2710 20 19 00;
  • Гасно масло како гориво за греење од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00 и 2710 20 19 00.
Член 3
Пресметаната акциза од член 92 став (11) од Законот за акцизите (*) за видовите на енергенти од член 2 од оваа одлука се применува од 1-ви или од 15-ти во месецот, а во случај кога 1-ви или 15-ти во месецот е неработен ден, за датум на пресметка и за известување се смета првиот нареден ден.
Член 4
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува до 31 мај 2022 година.
Бр. 41-2228/1                                                                                                                         Претседател на Владата
12 март 2022 година                                                                                                         на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                                                                                      д-р Димитар Ковачевски, с.р.