„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
22.11.2024
Предлагач: Група пратеници
II.ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ Решенијата содржани во Предлогот на законот е уредувањето на начинот на исплатата на работите поврзани со експропријацијата во врска со спроведувањето на Проектот. Имено согласно член 2 став (1) алинеја 9 од Законот, „Патен коридор“ се однесува на првичните проценети граници за експропријација со цел Инвеститорот да започне експропријацијата и реалокацијата на комуналните услуги на автопатот, поставувањето на привремени локации за поставување, јами, наоѓалишта и отпадни области, врз основа на првичната проценка на Стратешкиот партнер и Инвеститорот за минималното потребно земјиште имајќи предвид достапните проектни, геотехнички, археолошки информации, информации за животната средина, како и социјалните, комуналните информации и стандардите за проектирање кои ги бара Инвеститорот. Оттука како основно решение е потребата за доуредување на начинот на исплата на работите поврзани со експропријацијата неопходна со цел да се одвива непречено изградбата на Коридорите 8 и 10д, преку прецизирање на алокацијата на неопходните финансиски средства.