„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување на Законот за железничкиот систем, по скратена постапка

30.08.2024

 Предлагач е Владата на РСМ.

I.ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДАТ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Развојот на железничкиот сообраќај и железничката инфраструктура, организацијата на железничкиот систем, начин и услови за извршување на железничкиот превоз и видовите превоз, управувањето, организирањето, заштитата на железничката инфраструктура и пристапот до железничка инфраструктура, наплата за пристап за користење на железничката инфраструктура, доделувањето на инфраструктурните капацитети, објавата на мрежа, основањето на независно и самостојно регулаторно тело, доделувањето и видовите на концесија, финансирањето на железничката инфраструктура и услугите од јавен интерес во железничкиот превоз на патници се регулирани со Законот за железничкиот систем („Службен весник на Република Македонија“ бр. 48/10, 23/11, 80/12, 155/12, 163/13, 42/14, 130/14, 152/15, 31/16, 178/16 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 302/20 и 253/23). Во текот на примената на Законот во изминатиот период се констатира дека одредени одредби од Законот се нецелосно и непрецизно регулирани, поради што се создаваат одредени проблеми и потешкотии во нивната целосна имплементација. Од тие причини со измените на Законот предложени се решенија со кои одредени прашања се дорегулираат, со цел да се овозможи целосна и непречена имплементација на одредбите од Законот. Имено, постојното законско решение содржи нејасни одредби во однос на изработката на Годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура во смисла на тоа дека истата ја донесува управителот на железничката инфраструктура и дека за реализација на истата, управителот на инфраструктура, преку Министерството за транспорт, доставува извештај за информирање до Владата на Република Северна Македонија во првиот квартал од тековната година за претходната година. Со овој текст на измена на Законот за железничкиот систем, во членот 2 точка 38, и членовите 67-а став 3 и 97-б став 2, се врши усогласување со одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.121/24), во однос на називот на Министерството за транспорт. Исто така поради лошата финансиска состојба, како и драстичното намалување на превозот по стока се предлага да се избришат членовите 65-а и 67-а. Со предлог текстот на Законот се предлага приватно домашно или странско правно лице да може да врши јавен железнички превоз на патници и стока согласно со одредбите од Законот по пристапувањето на Република Северна Македонија во Европската Унија.