„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за административни службеници

30.07.2024

Цели на предлог регулативата:

Основна цел на Предлог Законот за административни службеници е унапредување на ефективноста и ефикасноста на јавната администрација.

Посебни цели на Предлог Законот за административни службеници се унапредување на моделот на вработување и оценувањето темелено врз компетенции, поедноставување и доуредување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност, нов систем на пресметка на плата, дополнително мотивирање на вработените и унапредување на работата и стручните капацитети на администрацијата.