„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
04.02.2026 - 23.02.2026 , Обука
сала 4, 5-ти кат Стопанска комора на Северна Македонија
Во современото деловно окружување, темата за процеси често се споменува, но суштинското прашање останува: дали процесите во вашата компанија се навистина препознаени и усогласени со нејзините потреби?
Недоволното или несоодветно дефинирање, поставување и следење на процесите создава слабости и компликации во работењето, кои изгледаат како нерешливи, без оглед на вложените напори. Најчесто, овие предизвици произлегуваат од нејасен опис на процесите и процедурите, неправилно делегирање на обврските и недостиг на следливост во текот на работењето. Постоењето на ваква состојба резултира во неостварување на целите на компанијата. Соодветно одговорните лица, треба да се справат со ваквите состојби, почнувајќи од признавање на состојбата и поедноставување на пристапот за разрешување, со цел оптимизирање и подобрување на процесите. Затоа, одговорните лица мора да пристапат систематски кон овие состојби – започнувајќи со нивно признавање и поедноставување на пристапот за нивно надминување, со цел оптимизација и подобрување на процесите.
Оптимизацијата не бара повторно „измислување на топла вода“, напротив, примената на докажани добри практики покажува дека поедноставувањето, деталното дефинирање и јасното пренесување на информациите овозможуваат поголема вклученост на сите релевантни лица во процесот на подобрување. Како што е познато во речиси сите научни дисциплини: „Точната дијагноза претставува повеќе од половина решение.“ Со правилна дијагноза, подобрувањето може да се насочи прецизно и ефикасно кон вистинските точки на делување.
Со намера да понуди дополнителни знаења за ефикасно управување со процесите, Стопанската комора на Северна Македонија на 24 и 25 февруари 2026 година организира обука на тема: “Подобрување на процеси – Градење на култура на ефикасност и квалитет со континуирано подобрување”, која ќе се фокусира на оваа важна тема за обезбедување стабилен и одржлив развој на секоја организација.
Обуката е наменета за сопственици, управители, високо и средно ниво на раководство, кои имаат одлучувачка и организациска улога за подобрување и оптимизирање на процесите, оперативните процедури и работните постапки .
· Стекнување со нови знаења за подобрување на работната култура и подобрување на ефикасноста на тимската работа
· Насочување кон вештини за подобрување на ефективноста на работните тимови
· Потенцирање на јасноста и следливоста во работењето
· Оспособување за дополнителни знаења од повисоко ниво, врз основа на докажани добри пракси
I ден - 24.02.2026 (вторник)
· ДВПИК (SIPOC) Дијаграм
Сесија 2 - Стандардизација и документација за подобрување на процеси
· Валидација и Верификација на Оперативни процедури
· Дефинирање на “Стандардна работа” - Креација на соодветни инструкции за работa
· Стандардна oперативна процедура
Сесија 3 - Подобрување на процеси водено од точност на податоци
· Дигитализација на следење на тек на работа
· Сублимација на КПИ (Клучни Перформанс Индикатори
· Фокус на “to-do” и “not-to-do” во тек на овозможување на точност на податоци
Сесија 4 - Идентификација и елиминација на “тесни грла“
· Дигитална следливост на тек на работа
· Динамика на следење на КПИ
· Аналитика на точни податоци – Цел: Елиминација на “тесни грла“
· Препораки од пракса
- Коста Петровски е динамичен и ориентиран кон резултати професионалец со повеќе од 29 години искуство во извршно лидерство, управување со производство и индустриски операции. Докажана експертиза во водење на меѓуфункционални тимови, имплементирање на LEAN методологии и оптимизирање на перформансите преку OEE и KPI стратегии. Силен комуникатор со GENBA-ориентиран начин наразмислување, фокусиран на донесување одлуки засновани на факти, континуирано подобрување и практичен стил на лидерство.
- Костанца Мијалкова е докажан професионалец и практичар во областа на управување со човечки ресурси. Дипломиран правник со положен правосуден испит, своето работно искуство го започнува како млад адвокат. Но, набрзо потоа навлегува во областа на менаџмент и ја продолжува својата кариера во оддел за човечки ресурси во интернационална компанија. На чело на одделот за човечки ресурси останува цели 17 години сe до Декември 2021 година кога започнува самостојна кариера како Консултант за Менаџмент на човечки ресурси и сертифициран Бизнис партнер на престижната Академија за иновации во човечките ресурси (AIHR ) од Ротердам, Холандија. Во своето портфолио има клиенти- компании од различни индустрии. Се истакнува по индивидуалниот пристап кон секој клиент и прилагодување на активностите за подобрување согласно исклучителните потреби на клиентот
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 19 февруари 2026 година.