„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
03.02.2026 - 20.02.2026 , Форум
Хотел „Holiday Inn” Скопје
По повод работната посета на бизнис делегација од Словачка предводена од минстерот за надворешни и европски работи на Словачка, Н.Е Јурај Бланар, Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Министерството за надворешни работии надворешна трговија на Република Северна Македонија, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, Словачката агенција за инвестиции и развој на трговијата – SARIO и Амбасадата на Словачка во РепубликаСеверна Македонија, имаат чест да Ве поканат да земете учество на претстојниот:
Бизнис форум и билатерални средби
меѓу компании од Северна Македонија и Словачка
На настанот како дел од делегација ќе учествуваат компании од Словачка од следните сектори:
· Енергeтика и обновливи извори на енергија
· Информатичко-комуникациски технологии (ИКТ), медицински софтвер, вештачка интелигенција, VR/AR/XR технологии
· Градежништво и управување со води (инженеринг, истражување и развој, рударство, итен третман на вода)
· Земјоделство и преработка на храна (агробизнис, прехранбена индустрија, додатоци во исхраната и протеински производи)
· Консултантски и финансиски услуги (инфраструктурно финансирање, правни и менаџмент консултации)
· Државни институции (банкарство, туризам)
Настанот ќе се одржи на 19 февруари 2026 година (четврток) во хотел “Holiday Inn”, Скопје, со почеток во 09:30 часот.