„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА- СЛОВАЧКА

03.02.2026 - 20.02.2026 , Форум

Хотел „Holiday Inn” Скопје

По повод работната посета на бизнис делегација од Словачка предводена од минстерот за надворешни и европски работи на Словачка, Н.Е Јурај Бланар, Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Министерството за надворешни работии надворешна трговија на Република Северна Македонија, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, Словачката агенција за инвестиции и развој на трговијата – SARIO и Амбасадата на Словачка во РепубликаСеверна Македонија, имаат чест да Ве поканат да земете учество на претстојниот:

Бизнис форум и билатерални средби

меѓу компании од Северна Македонија и Словачка 

На настанот како дел од делегација ќе учествуваат компании од Словачка од следните сектори:

·        Енергeтика и обновливи извори на енергија

·        Информатичко-комуникациски технологии (ИКТ), медицински софтвер, вештачка интелигенција, VR/AR/XR технологии

·        Градежништво и управување со води (инженеринг, истражување и развој, рударство, итен третман на вода)

·        Земјоделство и преработка на храна (агробизнис, прехранбена индустрија, додатоци во исхраната и протеински производи)

·        Консултантски и финансиски услуги (инфраструктурно финансирање, правни и менаџмент консултации)

·        Државни институции (банкарство, туризам)

Настанот ќе се одржи на 19 февруари 2026 година (четврток) во хотел Holiday Inn”, Скопје, со почеток во 09:30 часот.

Бизнис форумот и билатералните средби претставуваат значајна можност за воспоставување нови деловни контакти, развој на партнерства, како и за идентификување на конкретни проекти и инвестиции од заеднички интерес, со цел унапредување и продлабочување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Словачка.
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство и да го искажете Вашиот интерес за средби, најдоцна до 13 февруари 2026 (петок) со пополнување на пријаватa на следниот линк.
 
Контакт: м-р Сања Николова, е-адреса: sanja@mchamber.mk,тел:02/3244-091, моб:071/230-452