„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
30.01.2026 - 19.02.2026 , Обука
Сала 1, 1-ви кат, Стопанска комора на Северна Македонија
Современиот маркетинг сè повеќе се потпира на комбинација од човечка креативност и искуство и технолошка поддршка. Количината на содржина која брендовите треба да ја произведуваат постојано расте, а времето и ресурсите се ограничени. AI алатките овозможуваат побрз почеток, полесно надминување на креативни блокади и подобра организација на идеите, кога се користат со јасна структура и стратегија.
Со правилен пристап, AI може да помогне во развој на различни типови содржина: од текстови за социјални мрежи, до newsletter-и, блог статии итн. Наместо унифицирана и „генеричка“ содржина, фокусот на обуката е на создавање смислена, релевантна и доследна комуникација што го задржува идентитетот и тонот на брендот. Во насока на приближување на вештачката интелигенција и нејзина интеграција во деловните процеси, Стопанската комора на Северна Македонија на 20 февруари 2026 година организира обука на тема: „AI како креативен партнер во креирањето содржина“.
Целта на обуката е да прикаже како AI може да се користи како соработник во развојот на идеи, концепти и формати на содржина, а не како замена за човечката креативност. Преку јасен и практичен процес, учесниците ќе научат како да го насочуваат AI за да добијат поквалитетни идеи, побрза продукција и поефикасна комуникација прилагодена на различни канали и цели.
Обуката е наменета за маркетери комуникациски професионалци, претприемачи и креатори на содржина кои сакаат да ја искористат вештачката интелигенција како алатка за поддршка на креативниот процес без да ја загубат автентичноста, стилот и контролата врз пораката. Обуката може да ја следат и претставници од секторите маркетинг, комуникација и ПР, кои се на почетничко ниво во користење на AI алатки.
Обуката се реализира во компјутерска лабораторија во Стопанската комора на Северна Македонија.
I дел: Вовед - AI како креативна поддршка во комуникацијата
· Промената во креативниот процес која ја носи AI
· Улогата на AI во креирање содржина
· Каде AI носи најголема вредност во креирањето содржина
· Преглед на најпопуларни AI алатки
II дел: Методологија: Процес на подготовка на AI за креирање на содржина за вашиот бренд
· Брифирање – цели, публика, пораки, ограничувања
· Учење – tone of voice, brand book, постоечки креативи, правила на комуникација
· Усогласување – запознавање со поставена стратегија и комуникација
· Креирање – дефинирање на канали, формати, фреквенција
III дел: Практична примена: Насочување на AI алатки за креирање на содржина
· Текстуална содржина – типови на промптови, алатки на располагање
· Визуелна содржина – типови на промптови, алатки на располагање
· Итерации на дадени решенија – презентација на пример во живо
· Прилагодување на финална содржина на различни комуникациски канали
· Изработка на практична вежба со помош на бесплатни AI алатки
· Презентација на решенија
· Фидбек и дискусија
- Ива Дујак Ѓурѓиќ e Доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг. Основач и директор на маркетинг агенцијата MOVEMENT, маркетинг експерт со повеќе од 16 години работно искуство во развој на стратегии и кампањи за бројни интернационални и локални брендови.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работни материјали во електронска верзија;
- ручeк и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.