„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
16.01.2026 - 10.02.2026 , Семинар
Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4 на 5-ти кат
Здравје.
Современото согледување на безбедност и здравје при работа одамна не се сведуваат само на носењето на заштитна опрема и законска усогласеност – тие всушност започнуваат со грижата за човекот.
Здравиот начин на живот – правилната исхрана, физичката активност и менталната рамнотежа – директно влијае врз концентрацијата, донесувањето одлуки, отпорноста на стрес и превенцијата од повреди и професионални заболувања. Компаниите кои го препознаваат ова, создаваат побезбедна, поефикасна и помотивирана работна средина.
Токму затоа, Стопанската комора на Северна Македонија на 10 февруари 2026 година во соработка со Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, организира еднодневен семинар на тема: ЗДРАВ НАЧИН НА ЖИВОТ КАКО ИНТЕГРАЛЕН ДЕЛ ОД СИСТЕМОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА (БЗР). Семинарот нуди практичен и применлив пристап кон интегрирање на здравите животни навики како составен дел од системот за безбедност и здравје при работа (БЗР) – со јасна цел: поздрави вработени, помалку ризици и поголема продуктивност.
Преку стручно водени предавања и практични примери на семинарот ќе се обработат теми поврзани со правилна и балансирана исхрана, влијанието на физичката активност врз здравјето, значењето на менталното здравје, ефикасни техники за управување со стресот, како и улогата на животниот стил во создавање побезбедна и поздрава работна средина.
Целта на семинарот е подигнување на свеста дека грижата за сопственото здравје започнува надвор од работното место, но има силен одраз врз работната способност, концентрацијата, донесувањето одлуки и целокупната безбедност при работа.
Семинарот е наменет за стручни лица за безбедност при работа како и лица кои на било кој начин и по која било основа се вклучени во работата да ја следат и одржуваат безбедноста во работните процеси, исполнување на сите обврски, како во поглед на безбедноста и здравјето на вработените кои ги користат, така и во поглед на обврските кои им ги налагаат самита законски и подзаконски решенија кои ја покриваат областа.
Овој еднодневен семинар е организиран според принципот на обука, каде што учесниците преку предавања и анализа на студија на случај ќе се стекнат со нови вештини и компетенции и ќе ги подобрат постојните знаења за примената на обврските кои произлегуваат од Законот за БЗР и решенија за дадени ситуации.
|
Оваа обука според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истата, Ви доставува Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 06.02.2026 година.