„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
05.11.2025 - 24.11.2025 , Семинар
Он-лајн
Во услови на современо и одговорно работење, организациите сè повеќе се насочуваат кон усогласување со европските стандарди и принципите на одржлив развој. Безбедноста и здравјето при работа претставува клучен дел од општествената одговорност и е неразделно поврзан со концептот ESG (околина, општество и управување) и стандардот SA 8000 (општествена одговорност на работно место). За таа цел, Стопанската Комора на Северна Македонија во соработка со Македонското здружение за заштита при работа на 24 ноември 2025 година организира еднодневен „он-лајн“ семинар на тема: БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ВО СОГЛАСНОСТ СО БАРАЊАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, УСОГЛАСЕНОСТ НА БЗР СО ESG (околина, општество и управување) и SA 8000 (општествена одговорност на работно место).
Овој семинар има за цел да понуди практичен преглед на европските барања за безбедност и здравје при работа, како и нивната поврзаност со ESG критериумите и SA 8000 стандардот – со фокус на примената во македонските компании и организациски контексти.
Што преставува концептот ESG – ОКОЛИНА, ОПШТЕСТВО И УПРАВУВАЊЕ (од анг. Environmental, Social and Governance)?
ESG претставува рамка што ги опфаќа трите главни области на одржливото и одговорно работење:
ESG критериумите помагаат организациите да управуваат со ризиците кои настануваат при деловното работење и можностите поврзани со одржливоста, како и да ја подобрат својата репутација и довербата кај инвеститорите и јавноста.
SA 8000 е меѓународно признат стандард за сертификација на општествена одговорност на работното место и е широко прифатен меѓу големите трговски ланци, светски познатите брендови и компаниите кои применуваат општествено одговорно работење. Стандардот SA 8000 ги дефинира принципите и барањата поврзани со трудот и правата на работниците, вклучувајќи ги условите за здравје и безбедност при работа.
Што преставуваSA 8000 – ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТНО МЕСТО
SA 8000 е меѓународен стандард за сертификација кој ја дефинира општествената одговорност на организациите во однос на работните услови.
Ги опфаќа следниве области:
Примената на SA 8000 им помага на компаниите да создадат етичко, безбедно и одговорно работно опкружување, усогласено со меѓународните стандарди и очекувањата на клиентите и партнерите од други земји.
Усогласеност БЗР – ESG – SA 8000
- Поврзаност на ESG со безбедноста и здравјето при работа -
Безбедноста и здравјето при работа (БЗР) претставуваат суштински дел од „S“ компонентата (Social) во рамките на ESG (Environmental, Social and Governance) концептот.
ESG пристапот бара компаниите да покажат одговорност не само кон животната средина и општеството воопшто, туку и кон сопствените вработени, преку обезбедување безбедни, здрави и достоинствени услови за работа.
Поврзаноста се согледува преку следните аспекти:
✅ Заштита на здравјето и безбедноста на вработените – покажува општествена одговорност и грижа за човечкиот капитал.
✅ Превенција на повреди и професионални болести – придонесува кон долгорочна одржливост и ефикасност на организацијата.
✅ Усогласеност со меѓународни стандарди (како ISO 45001 и SA 8000) – е показател на ESG зрелост и транспарентност.
✅ Позитивен имиџ и доверба – компаниите кои инвестираат во БЗР добиваат подобар рејтинг кај инвеститорите, клиентите и регулаторите.
✅ Дел од системот на корпоративно управување (Governance) – управувањето со ризиците поврзани со безбедноста е дел од одговорното корпоративно раководство.
Со други зборови, БЗР е практична манифестација на ESG принципите во делот на „општествената одговорност“ – бидејќи без безбедни и здрави работни места, нема вистинска одржливост.
· Демонстрирање на општествена одговорност;
· Заштита на имиџот и избегнување на негативен публицитет;
· Контрола на општествената одговорност на добавувачи, подизведувачи, партнери и застапници;
· ESG усогласеност и избегнување санкции за неусогласеност.
· Раководители на сектори;
· Менаџери за човечки ресурси;
· Менаџери и стручни лица за безбедност и здравје при работа;
· Менаџери за управување со заштита на животната средина.
Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи, директор на PDCA KONSALTING, ДОО Нови Сад, водечки стручен консултант за проектирање и имплементација на ISO 9001:2015; ISO 45001:2018; ISO 14001:2015; ISO/IEC 27001:2013; ISO 20000-1:2018; ISO 22301:2012; ISO 31000:2018; ISO 37001:2016, GDPR во повеќе организации во Србија, Црна Гора и БИХ, воедно и менаџер за проценка на ризик во работењето на основа на ISO 31000. Поседува 15 годишно искуство како директор на логистика во различни организации (Застава промет Сомбор – автомобилска индустрија), Генел – бренд Хаусел и застапник на Elektrolux, Zannusi, Indesit уреди за Србија, STAV – овластен дистрибутер Samsung за Србија и Црна Гора.
Акредитиран експерт - обучувач од PECB (Professional Evaluation and Certification Board, Canada) со повеќе од 200 обуки од областа на системи за управување, безбедност на информации, проценка на ризик и заштита на податоци, овластен консултант на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Deustche Gesellschaft fur Internationale Zusammenarbeit (GIZ) и член на Српската асоцијација на менаџери за корпоративна безбедност (САМКБ).
Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот.
Работен јазик: српски
За сите учесници на „он-лајн“ семинарот ќе биде обезбедено:
- Линк за приклучување на обуката преку платформата Webex Cisko;
- Електронски работен материјал;
- Електронски сертификат за присуство на семинарот;
- Потврда со 10 бода..
Рок за пријавување: 20.11.2025 година.