„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
24.09.2025 - 06.11.2025 , деловни средби
Стопанска комора на Северна Македонија, кат 5, сала 4 | 11:00 – 16:00 часот
Во насока на поттикнување и продлабочување на билатералните економски врски меѓу Северна Македонија и Грција, Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Амбасадата на Република Грција, организира Бизнис-форум и билатерални средби меѓу бизнис-делегации од двете земји.
Настанот, кој ќе се одржи на 6 ноември 2025 година во просториите на Стопанската комора, ќе послужи како платформа за поврзување на компаниите од двете земји, за да се запознаат со заедничките можности за соработка и поставување темели за идни деловни потфати.
На настанот ќе бидат присутни компании од следниве сектори:
· Храна и пијалаци
· Фармација и козметика
· Информатичка технологија и комуникации
· Градежништво и градежни материјали
· Медицинска опрема
· Еколошки услуги и енергетика
· Металургија
· Транспорт и логистика.
Програмата на настанот предвидува пленарна сесија со обраќање на претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, Атинската стопанска комора, Амбасадата на Р Грција, како и од Асоцијацијата на грчки извозници, кои ќе ги претстават можностите за инвестиции и за соработка.
Настанот нуди можност за вмрежување со B2B-средби меѓу македонски и грчки компании. Работен јазик на настанот е англискиот.