„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
30.05.2025 - 29.06.2025 , Обука
сала 1, 5-ти кат
Коучингот како менаџерска алатка игра клучна улога во мотивацијата и вклученоста на вработените. Една од најмоќните димензии на коучингот е токму способноста да се комуницира значајноста на секој вработен – односно, да им се помогне да разберат како тие и нивната работа имаат смисла, вредност и влијание. Коучингот не е само поставување прашања, туку внимателно слушање, охрабрување, и градење доверба. Менаџерот кој користи коучинг пристап не дава одговори, туку води кон нив, поттикнува размислување, не контролира на микро ниво и најважно - ги гледа луѓето како сопственици на својот развој и верува во нивните внатрешни капацитети.
Значајноста се однесува на чувството дека секој вработен е вреден, најмногу како индивидуалец кој ги вложува своите уникатни компетенции во тимот. Според истражувањата на Зак Меркурио во неговата најнова книга “Моќта на значајноста – Тhe Power of Mattering” – за да ни биде работата значајна – најпрво треба ние да се чувствуваме значајно. На повисоко ниво, значајноста е поврзана и со работата која дава вредност, свртена е кон повисока цел, и влијае на тимот, компанијата или општеството. Кога вработените чувствуваат дека она што го прават е важно, тие се вложуваат повеќе, се идентификуваат со организацијата, чувствуваат гордост и личен придонес и најважно - остануваат подолго во компанијата и работат со ентузијазам.
Со намера овие концепти да се доближат до компаниите во земјата, Стопанската комора на Македонија на 30.06.2025 година организира обука на тема: „Коучингот како менаџерска алатка – Како да комуницираме значајност на вработените за повисока мотивација и вклученост”.
Обуката е наменета за сопственици, претставници на бизнис-заедницата од врвен менаџмент, менаџери на човечки ресурси и други професионалци во оваа област.
· Ќе научат зошто концептот на значајност е клучен за мотивацијата и анажираноста на секој вработен, преку поврзување на индивидуалната работа со пошироките цели
· Ќе осознаат едноставни модели за коучинг стил на водење, кој поттикнува раст и иницијатива, за примена во секојдневната работа и водење на тимовите
· Ќе стекнат алатки за отворен дијалог и активно слушање, за да го откријат и поттикнат внатрешниот мотиватор кај секој вработен.
Наташа Ивановска е консултант за организациски развој, сертифициран бизнис коуч на Ерискон Коучинг колеџот од Канада и Нобл Менхетен колеџот од Англија, како и сертифициран Консултант за управување со учинокот (KPI Professional) на KPI Institute од Австралија. Од 2021 е сертифициран Мастер тренер за емоционална интелигенција според Genos International. Како дипломиран инженер-технолог завршила постипломски студии на Шефилд универзитетот – Сити Колеџ во Грција. Има над дваесет и пет годишно искуство во развој на бизнис низ управувањето со човечки ресурси. Од 2011 година е основач на Инсајт Груп, компанија за консалтинг за човечки ресурси, обуки и коучинг. Низ работата со компании во земјата и регионот, успева да придонесе во областа на планирање, развој и задржување на вработените, како клучен движечки ресурс на секоја компанија.
Биљана Велевска раководи со Самеримпекс Импулси од 2000 година. Има огромно искуство во управување со проекти, консултантство, анализи, дијагностики и обуки. Биљана е магистар по Европски менаџмент (Europa Institute во Германија). Поседува сертификати за тренинг и коучинг од неколку светски методологии, со кои овозможува компаниите да ги најдат најдобрите решенија за деловен раст и развој. Од 2020 е сертифициран консултант за Управување со учинокот (KPI Professional) на KPI Institute од Австралија, а од 2021 е и сертифициран Мастер тренер за емоционална интелигенција според Genos International. Нејзиниот практичен пристап поттикнува оптимизација на ресурсите и примена на врвните алатки и методологии на кои се базирани развојните програми.
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
- работни материјали во електронска верзија;
- ручeк и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 25.06.2025 година.