„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
23.05.2025 - 25.06.2025 , Обука
сала 1, 1-ви кат
Еднодневна обука на тема:
ИНОВАЦИИТЕ ВОДЕНИ ОД МЕНАЏЕРИТЕ: КАКО ДА СЕ ИСКОРИСТАТ AI АЛАТКИТЕ ЗА ПОДОБРИ РЕЗУЛТАТИ
26.06.2025 година (четврток)
13:00 – 17:00 часот
Стопанска комора на Северна Македонија,
сала 1, 1-ви спрат
Менаџментот како двигател на промените во една компанија, ја има одговорноста да носи одлуки кои се во линија на остварување на резултатите на компанијата. Во процесот на носење одлуки, новите технологии имаат значајна улога преку автоматизирање на процесите до изготвување на анализи кои го олеснуваат процесот на деловно одлучување.
Во насока на приближување на дигиталните вештини до секоја компанија, Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Семос Едукација, на 26 јуни 2025 година ја организираат обуката: „Иновациите водени од менаџерите: Како да се искористат AI алатките за подобри резултати“
Оваа обука е наменета за менаџери, лидери и професионалци кои сакаат да разберат како да ја применат вештачката интелигенција (AI) во своите компании на стратегиски, одговорен и одржлив начин.
Учесниците на истата ќе добијат практични насоки и ресурси како да планираат, да воведат и прошират AI иницијативи во самата организација.
Модул 1: Користење на AI алатки и ресурси во бизнисот
Ќе научите што претставува вештачката интелигенција, кои технологии ја движат и како Microsoft вградува AI во своите производи и услуги што можат да се користат во компаниите.
Модул 2: Креирање бизнис вредност преку AI
Ќе добиете алатки и пристап за дефинирање на AI стратегија и поттикнување на „AI-култура“ во вашата компанија – култура на иновација, отвореност и прифаќање на нови технологии.
Модул 3: Одговорна употреба на AI
Ќе научите како да имплементирате AI на етички и одговорен начин – преку принципи, управување и процедури, со примери од Microsoft, а и совети како да изградите свои интерни практики.
Модул 4: Проширување и скалирање на AI во организацијата
Ќе дознаете како да ја проширите примената на AI низ различни оддели, како да распределите одговорности и како да ги оспособите вашите тимови самостојно да користат AI алатки.
Оваа обука е наменета за менаџери, тим лидери, координатори на проекти, директори и сите оние кои имаат влијание врз стратегии и развој на компании од различни индустрии: финансии, ИТ, продажба, маркетинг, производство, образование, здравство, логистика и други индустрии.
За следење на оваа обука, учесниците е пожелно да имаат предзнаења од:
- Основно разбирање на IT концепти
- Основно разбирање на бизнис процеси
Елена Димовска, сертифициран Мајкрософт тренер (MCT) и раководител на одделот за податоци и вештачка интелигенција во Семос Едукација. Елена има клучна улога во трансформирањето на податоците во акциски информации користејќи Power BI.
Нејзината експертиза се протега низ развој на иновативни проектни решенија со Microsoft Power Platform, имплементирајќи ги сите иновативни технологии со користење на вештачка интелигенција во процесите на компанијата. Автоматизирање на процесите во различни оддели и создавање на апликации со low-code кои беспрекорно се интегрираат со организациските системи е уште една задача на тимот за податоци и вештачка интелигенција со цел оптимизирање на процесите и зголемување на продуктивноста на вработените. Елена е исто така посветена на едукацијата, предавајќи официјални Microsoft обуки за вештачка интелигенција и Microsoft Power Platform за мултинационални компании во земјите ширум светот како САД, Австралија, Холандија, Норвешка, Ирска, Молдавија, Германија итн.
Покрај тоа, Елена е меѓу првите MCT кои ги воведоа професионалците низ официјални Microsoft обуки за Copilot низ светот.
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 23.06.2025 година.
Местата се ограничени, а принципот на пријавување е: прв пријавен – прв услужен.