„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Кариерен ден

Саем на кариера и отворен ден на УГД – 15.4.2025 година

27.03.2025 - 14.04.2025 , Кариерен ден

Универзитет „Гоце Делчев”- Штип, Двор на Ректорат на УГД

Соработката помеѓу приватниот сектор и високо образовните институции е императив во продуцирањето на компетентен кадар кој со своите знаења и вештини кој брзо и ефикасно ќе се интегрира во работната средина и ќе придонесува кон создавање на нови вредности. Водени од потребата за градење на синергија помеѓу науката и бизнисот, во годината кога Стопанската комора на Северна Македонија одбележува 103 години од основањето, а Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип одбележува 18 години од основањето, ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате на „Саем на кариера и отворен ден на УГД“ кој ќе се одржи на 15 април 2025 година, во дворот на Ректоратот на УГД Штип (ул. Крсте Мисирков Бр. 10-А Штип) со почеток од 11:00 часот.

На отварањето на настанот обраќања ќе имаат проф. д-р Дејан Мираковски, ректор на УГД, градоначалникот на општина Штип м-р Иван Јорданов и претставник на Стопанската комора.
Компаниите кои ќе земат учество ќе имаат можност да постават штандови, каде што нивните претставници ќе можат:
 

·       Да ги презентираат отворените работни позиции;

·       Да ги претстават програмите за практиканство и стажирање,

·       Да промовираат можности за идни соработки со студентите и факултетите.

 

Учеството на настанот за компаниите, вклучително и користењето на штанд е без надомест. Секоја компанија ќе има означена локација за позиционирање.

 

Напомена: Компаниите сами го брендираат својот штанд и назначуваат лица одговорни за презентација на компанијата. Доколку немаат свој штанд, Универзитетот стои на располагање да обезбеди простор-клупа.

 

Ве молиме Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 03.04.2025 година на следните контакт лица: м-р Михајло Донев, претседател на Советот за унапредување на високото образование, e-адреса: mihajlo@mchamber.mkи контакт тел: 02/ 3244 067, како и на д-р Моника Арсова, е-адреса на monika.arsova@ugd.edu.mk и контакт тел: 077 667 723.

 
Задолжителна е регистрација за настанот на следниот линк: https://shorturl.at/t6jcW

Контакт лица:

 м-р Михајло Донев                                                                                       

Телефон: 02 32 44 067                                                                 

Календар на настани

УПРАВУВАЊЕ И АНГАЖИРАНОСТ ВО МУЛТИГ...

20.03.2025 - 07.04.2025

БИЗНИС АНАЛИТИКА СО POWER BI: ОД НЕ...

25.03.2025 - 27.04.2025