„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Покана за EXPO 2025 Osaka

03.10.2024 - 31.10.2024 , Саем

Осака, Јапонија

Во организација на Владата на РС Македонија, Стопанската комора на Северна Македонија Ве поканува да се претставите на EXPO 2025 Osaka, како еден од најголемите најавени светски саемски настани, кој ќе се одржи од 13.04.2025 – 13.10.2025 во Осака, Јапонија.

Тема на EXPO 2025 Osaka е People’s Living Lab – A Laboratory for future society, лабараторија за креирање нова визија на соци-економскиот систем преку споделување на идеи од сите луѓе во светот.

Содржината на програмата на EXPO 2025 Osaka ќе се одвива во рамки на 184 дена на неколку подтеми:    -      Спасување на животи (Saving lives)

-        Зајакнување на животи (Empowering lives)

-        Поврзување на животи (Connecting lives)

 
Повеќе информации за саемот ќе најдете на https://www.expo2025.or.jp/en/.

Во организација на Владата, Република Северна Македонија ќе биде претставена со национален павилјон, и во соработка со Стопанската комора нуди можност и за компаниите да бидат дел од овој светски настан на кој се очекуваат околу 28 милиони посетители.

Учеството со свој павилјон на EXPO 2025 Osaka ќе овозможи претставување на државата и подобрување на нејзината видливост и имиџ во светот, како мала модерна земја со богата традиција, големи можности и уште поголем потенцијал за развој.

За компаниите ќе биде можност да се претстават пред светот, да развијат нови партнерства и да видат и применат нови идеи, иновации и технологии.

Павилјонот дава можност да се организираат настани како на пример “недела на македонска култура”, недела на македонска храна и вино и други тематски настани, кои освен како средство на јавната дипломатија, ќе послужат и како средство за динамична економска дипломатија. Тоа ќе се реализира преку директни средби со потенцијални партнери од целиот свет, во период од шест месеци.

 
Претставување на компанијата:

Компаниите ќе можат бесплатно да се претстават со своја понуда (производи или услуги) на дел од павилјонот, во период и простор кој дополнително ќе го договорат со задолжените лица во Стопанска комора и националниот павилјон.

Исто така, компаниите имаат можност за организирање на Б2Б средби.

 

Вашaта пополнета пријава за претставување испратете ја најдоцна до 10.10.2024 на следнава емаил адреса: international@mchamber.mk

За дополнителни информации обратете се на тел. 02 2344 050.

 

Контакт лица:

international@mchamber.mk

тел. 02 2344 050

Календар на настани