„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
13.09.2024 - 17.10.2024 , Обука
17.10.2024 година (четврток) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4 на 5-ти кат
Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со D.R Gilbert Centar Group ДОО Белград, Р.Србија, на 17 октомври 2024 година, организира еднодневна специјалистичка обука на тема: ЛИДЕРСКИ ВЕШТИНИ – ЛИДЕРОТ ВО СЕКОЈ ОД НАС - Како да ги унапредите лидерските вештини и успешно да ги водите своите соработници и да разберете како функционира Z - генерација?
„Начинот на кој вработените ги третираат муштериите, е одраз на начинот на кој нив ги третира раководството.“
Бидејќи на работа има многу шефови, а многу малку прави лидери. Додека првите се ориентирани на форма(позиција, титула) и ги бараат својте права, правите лидери се насочени на достигнување, резултати, мисија и поголеми цели. Правите лидери се ориентирани на одговорност, а не на својте права. Тие драстично може да го променат квалитетот и продуктивноста на една организација.
За кого е наменета обуката?
Специјалистичката обука е наменета за топ менаџери, директори и раководители од сите нивоа и сектори во организацијата, менаџери и вработени во секторите за човечки ресурси, како и за други лица кои сакаат да ги зголемат своите лидерски вештини.
МОДУЛ 1. КАКО ЛИДЕРСТВОТО ВЛИЈАЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТА НА КОМПАНИЈАТА И ТИМОТ?
1.2 .Улогата и феноментот ЛИДЕРСТВО, предизвици и решенија;
1.3. Основни функции на лидерството (кои активности не прават лидери);
1.4. Разлика помеѓу лидер и менаџер (каква позиција да се завземе);
МОДУЛ 2. КАКО УСПЕШНО ДА ГО МОТИВИРАТЕ ТИМОТ И ДА РАЗБЕРЕТЕ КАКО ФУНКЦИОНИРА Z - ГЕНЕРАЦИЈА?
2.3. Што ја подигнува, а што ја спречува мотивацијата?
МОДУЛ 3. КАКО УСПЕШНО ДА ВОДИТЕ ТИМ?
3.1. Емоционална интелигенција на лидерот (не можеш да ги водиш другите ако не си во можност да се водиш себеси);
3.2 Како ефикасно да ја пренесеш визијата на својот тим;
3.3. Како да се корегира нпосакуваното однесување, а при тоа да не се демотивира соработникот;
3.4. Разбирање на различните потреби на поединците во тимот.
МОДУЛ 4. КАКОВ Е НАШИОТ ЛИДЕРСКИ СТИЛ?
4.1. Лидерски стилови (управувачки, инструкторски, влијателен и соработувачки);
Драгиша Ристовски (D.R. Gilbert) е еден од највлијателните и најплодните автори и тренери на теми поврзани со едукација и равој на човечки ресурси. Под псевдонимот D.R. Gilbert се објавени 23 книги (со дополнителни изданија) кои се преведени на шест јазици и пласирани преку 200.000 примероци. Во својата кариера имал прилика да одржи повеќе од 3000 обуки, семинари, работилници и конференциски настапи на кои земале учество преку 2500 компании, микро, мали и средни претпријатија од сите индустрии од десетина држави.
Има 30 години искуство во реалниот сектор од извршителски до топ менаџерски функции. Негови експертизи се областите лидерство, продажни вештини, преговарање и мотивација на вработените, а предавањата се на автентичен, исклучително енергичен начин со што константно ги мотивира и охрабрува слушателите.
Основач е и сопственик на D.R. Gilbert centar group во кој контекст работат и:
* Академија за бизнис знаење и вештини D.R. Gilbert со 8 студиски програми;
* Агенција за човечки ресурси HR Professional Solution;
* Издавачка куќа D.R. Gilbert books;
* D.R. Gilbert Consulting и тренинг;
* Бизнис апликација Take It;
* Конференциски бренд „Poslovanje sa svrhom“
* Во 2022 година отвара свое преставништво во Ровињ, Р.Хрватска.
Семинарот ќе биде во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, сала 4 на 5-ти кат.
Тренерот на семинарот користи повеќе методи за пренсување на информациите (предавање, интерактивност, практични вежби), со што ја зголемува продуктивноста на пренсување на информациите и успешно стекнување на знаењата и личните перформанси кај учесниците.
Секој учесник добива електронски работен материјал и сертификат за присуство од страна на D.R Gilbert Centar Group DOO од Белград, Р.Србија, како и за време на семинарот закуска, кафе и освежување на паузите.
Коотизацијата за специјалистичкиот еднодневен семинар по учесник изнесува изнесува 9.584 деанари (8.122 ден. + 18% ДДВ) или 131 евра + 18%ДДВ;
Доколку се пријават три или четири учесника од иста компанија цената на котизација изнесува 8.267 денари (7.006 ден. + 18% ДДВ) или 113 евра + 18%ДДВ и ако се 5 или повеќе учесници од иста компанија изнесува 7.535 денари (6,386 ден. + 18%ДДВ) или 103 евра 18%ДДВ.
Котизацијата се плаќа по добиена про-фактура или фактура електронски на маил од страна на Стопанската комора на Северна Македонија или на D.R Gilbert Centar Group DOO од Белград.
Пријавувањето за семинарот е со доставена пријава од Ваша страна на маил во Стопанската комора или во D.R Gilbert Centar Group DOO од Белград.