„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Групација за изнајмување на возила (рент-а-кар)

 ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

 

Конститутивната седница на Групација за изнајмување на возила (рент-а-кар) се одржа на 15 декември 2025 година, на која за претседател на Групацијата беше избран Бранко Рафајловски, директор на АБЦ рент а кар. Замени претеседатели на Групацијата се: Рамадан Идризи, директор на Шар Експрес Рамадан и Блаже Чобанов, директор на Авис рент-а-кар.

Формирањето на Групацијата за изнајмување на возила (рент-а-кар) има за цел организирано и ефикасно да ги застапува нивните заеднички интереси, пред сè преку:
 

-        активно вклучање во креирањето на законската регулатива релевантна за секторот;

-        заеднички и единствен настап пред надлежните институции при изнесување на ставовите и барањата;

-        подобра координација со сите други засегнати страни.

Преку организираното делување во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, рент-а-кар компаниите ќе ја зајакнат меѓусебната соработка, ќе остварат директен дијалог и ќе ги решаваат отворените практични прашања со другите здруженија во Комората, лизинг компаниите, осигурителните друштва, станиците за технички преглед, како и со Министерството за внатрешни работи и останатите институции од значење за нивното работење.
Членките на Групацијата ќе се залагаат за воведување на лиценци за вршење на дејноста, за поголема дисциплина во секторот и за подигање на сообраќајната култура, односно за построго и поодговорно почитување на сообраќајните правила од страна на сите учесници во сообраќајот. Нивна цел е, во соработка со МВР, заеднички да работат на подигнување на јавната свест за безбедноста во сообраќајот преку кампањи и едукативни активности, како и во партнерство со одговорни приватни субјекти (лизинг компании, осигурителни друштва, станици за технички преглед) и други релевантни чинители.
 

Листа на рент-а-кар компании присутни на конститутивната седница на Групацијата:

 
 

Име и презиме

 
Фирма
 
Бранко Рафајловски
АБЦ рент а кар
Тони Коминовски
Алфа Припс дооел
 
Зоран Димовски
АБЦ Логистика дооел Скопје
Кристијан Младеновски/Владан Перески
Аутомобиле СК доо Скопје
Рамадан Идризи
Шар Експрес Рамадан дооел увоз-извоз с. Слатино, Теарце
 
Марјан Нинески
НИ-МАР доел Скопје
 
Борис Цунев/Ана Танчев
Ауто 1 рент дооел Скопје
 
Тони Илиоски/ Томица Бошков
 
Делфино рент а кар
Мартин Димковски
МИДА Мобилити дооел
Блаже Чобанов
Авис рент-а-кар/ Друштво за промет и услуги Дипром доо Скопје
Слободан Крстев
 
ИНТЕР ВЕЈС ММ дооел Скопје
 

Контакт лице: м-р Антонета Манова Ставреска
Проектен менаџер

Телефон: + 389 2 3244060
Е-адреса: antoneta@mchamber.mk