„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Групацијата на овластени станици за технички преглед и технички служби претставува стручен облик на организирање и работење во рамките на Здружението на металната и електроиндустријата.
Групацијата е формирана од страна на пет правни лица - репрезенти од оваа стручна област, со јасна цел да се прошири членството и да се вклучат дополнителни субјекти чие основно поле на работа е техничко испитување и анализа на возила.
Нашата мисија
Мисијата на Групацијата е унапредување на професионалните стандарди, безбедноста и квалитетот во работењето на техничките служби, преку активно учество во стручни и регулаторни процеси, соработка со институции и примена на европски практики и стандарди.
Основни цели и задачи:
Разгледување и решавање на тековните предизвици во дејноста;
Унапредување на условите за работа на овластените станици и служби;
Промоција и заштита на економските интереси на членовите;
Усогласување на различни ставови и интереси;
Предлагање мерки и усвојување стручни заклучоци;
Иницирање измени и дополнувања на законски и подзаконски акти;
Остварување соработка со сродни здруженија и институции;
Поттикнување на примената на европски правила и стандарди.
Преку заеднички ангажман, Групацијата активно придонесува за развој на оваа значајна дејност, поставувајќи повисоки критериуми за техничка исправност, ефикасност и транспарентност.