„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Македонската асоцијација на рударството - МАР

Македонската асоцијација на рударството – МАР е формирана со цел да ги обедини компаниите кои вршат геолошки истражувања, експлоатација и преработка на минерални суровини во Република Македонија.

МАР се залага за претставувањето и заштита на интересите на своите членки пред институциите на национално и европско ниво, зголемување на конкурентноста на рударските деловни субјекти, унапредување на правната рамка од областа на минералните суровини, како и проширување на соработка и со домашни и странски асоцијации, во насока на остварување динамичен и стабилен стопански раст на подог период.

Претседател на МАР е г-дин Ивица Талевски, САСА - Македонска каменица.

Почесен претседател на МАР е г-дин Николајчо Николов, БУЧИМ - Радовиш.

Организацијата и начинот на работа на МАР се уредени со:

⮞ Ивица Талевски,  Претседател, САСА, Македонска Каменица

Минералните суровини се од големо значење за економскиот, технолошкиот и општествениот развој.  Тие се неопходни за одвивање на производствените процеси и добивање на крајните производи во повеќе индустриски гранки (металургија, метална и електроиндустрија, градежништво, енергетика, сообраќај). 

Рударството како економска дејност ја опфаќа експлоатацијата, односно вадењето на минералите (рудите) кои во природата се јавуваат во цврста, течна или гасовита состојба и подготовката на суровите необработени материјали за продажба (кршење, дробење, сортирање, концентрирање на руди). 

Рударството во нашата држава има традиција уште од средниот век, a поголемиот развој започнува по Првата светска војна со рудниците за олово и цинк „Злетово“ и за хром „Радуша“. Денес постојат повеќе рудници за металични и неметалични минерални суровини со подземна и површинска експлоатација, а рударството учествува со околу 2 % во создавање на додадената вредност во Бруто-домашниот производ (БДП) и околу 3,5 % во вкупниот извоз остварен од земјата. 

Секторот рударство и вадење на камен според последните статистички податоци опфаќа 0,3 % од вкупниот број на активни деловни субјекти во државата или 198 компании. Најголемо учество во структурата или 65,1 % имаат микро компаниите со 1-9 вработени, додека најмало учество со 2% имаат големите компании со над 250 вработени. 

Бројот на вработени во овој сектор изнесува 7.360 лица, додека просечната исплатена нето - плата по вработен изнесува 44.310 денари.  

team-2

24.03.2023

За одржлив развој на македонското рударство неопходни се стратегија и големи инвестиции

Неопходно е да се случи окрупнување на македонскиот рударски комплекс, како во поглед на концесиите, така и во делот на рударските компании, за дополнително да се динамизира  процесот н...

team-2

03.03.2023

СО ИНВЕСТИЦИИ ВО ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ И ОДГОВОРНО РАБОТЕЊЕ ДОМАШНАТА РУДАРСКА ИНДУСТРИЈА ЌЕ ГО ДОБИЕ МЕСТОТО ВО ОПШТЕСТВОТО ШТО ГО ЗАСЛУЖУВА

Актуелните кризи со кои се соочува македонската економија не го заобиколија рударскиот сектор, но тој уште еднаш покажа дека е витална стопанска гранка која може да се соочи и со најтешките ...

Контакт лице: Сашка Велков
Соработник во организационата целина за претставување на членките и вмрежување во Стручната служба

Телефон: + 389 2 3244054
Е-адреса: sashka@mchamber.mk