„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Успехот на македонските научници надвор од границите е добро познат, како во регионот така и пошироко. Во контекст на тоа, во просториите на Стопанската комора беше презентиран новиот производ на македонскиот проф. Никола Рендевски, од Факултетот за информатички и комуникациски технологии при УКЛО Битола, виртуелен симулатор за обука на технички кадри.
Ваквата дигитална виртуелна алатка е од исклучително значење и помош за реализација на дел од обуката на кадри, имајќи го предвид фактот дека како во земјата така и во целиот свет, еден од главните проблеми не е само недостигот на кадри, туку и стручноста на лицата за одредени професии. Пример, бројката од 250.000 заварувачи која е потребна низ целиот свет кажува многу за наведениот проблем, која до 2030 година се проценува дека ќе достигне 400.000 лица.
Од страна на компанијата Сајтеро (Cythero), во последните 4 години е развиен производ, кој задоволува многу светски стандарди, и притоа веќе се користи во неколку меѓународни реномирани производители од автомобилската, нафтената и индустријата на гас.
Производот претставува самостоен контролен уред, кој се поврзува кон веќе постоечки систем за VR, постојна интернет конекција, а по желба може да се поврзе на видео дисплеј или компјутер. Во самиот уред е вграден систем за интернет конекција, и софтвер за приказ на функционалноста која треба да ја создаде како виртуелна реалност.
Досега се изработени модули за два типа на функционалности, и тоа:
· Бојадисување во автоиндустријата
· Заварување (со сите три вида ан заварувачки апарати)
Самит уред дава реална снимка на секој еден податок од тоа што се случува при фарбањето, т.е. заварувањето, и тоа со детални податоци во делови од единечна мерна единица. На тој начин може да се коригира корисникот во својата работа и да ги подобри своите производствени резултати.

Користејќи VR очила, лицето кое се обучува може да ги види сите движења, да ги коригира, а истовремено и обучувачот може да го гледа работењето на ученикот, при што може да посочува и обучува во реално време на обуката.
Ваквото иновативно дигитално решение кое претставува спој на виртуелна реалност и апликативно практицирање на техничко знаење претставува нов приод за стекнување на практични знаења и вештини надвор од реална работна средина, погоден за примена во стручни училишта и технички колеџи каде на ефикасен начин се пренесуваат практични вештини за конкретните занимања.