„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Излезе во јавност флаерот на Стопанска комора со наслов „Македонско најдобро“, со ставови изнесени од претседателот Бранко Азески чија цел е да ја подигне свеста на македонскиот потрошувач, дека со купување земјоделски производи и преработки всушност сите ние му помагаме, не само на оној што директно произведува, и на преработувачите кои учествуваат во секторот, туку најмногу од се ја помагаме домашната економија чии позитивни ефекти се враќаат како финасиски прилив во државната каса.
Со оваа активност најавуваме дека за ова прашање во следниот период фокусирано и аргументирано преку секторот трговија при СКСМ, се вклучуваме како бизнис заедница.
Слоганот „Македонско најдобро“, треба да ја отслика визијата на земја што верува во сопствениот потенцијал и создава одржлива економија со локална основа и европски стандарди. „Македонско најдобро“ не е само економска мерка, туку и општествена филозофија: да произведуваме повеќе, да увезуваме помалку, да ја чуваме природата и да изградиме генерации што веруваат во вредноста на македонскиот труд. Таа е симбол на зрелост и подготвеност да создадеме сопствена одржлива економија заснована на знаење, труд и доверба во домашното.



