„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Работна средба во Комората на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
На средбата беа разгледани иницијативи и конкретни форми на поддршка за извозно ориентираните компании, вклучително и организација на тематски посети со активно учество на деловната заедница, унапредување на комуникацијата со дипломатско-конзуларните претставништва, како и промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор во државата.
Претседателот Азески, потврдувајќи го позитивното искуство во досегашната соработка со министерството, посочи дека за бизнисот од исклучителна важност е јака и конкретна дипломатска активност за поддршка на бизнисите во отворање нови пазари и поврзување со нови партнери, за поттикнување на економската активност во државата. Стопанската комора, посочи Азески, веќе има направено анализи каде лежат потенцијалите за извоз на нови производи, освојување нови пазари и во директна комуникација со министествто во следниот период заедно ќе се работи на поттикнување на извозните актинвости.
.jpg)
Министерот Муцунски нагласи дека целта на овие средби е директно да се слушнат ставовите и размислувањата на коморите, како и да се добијат конкретни иницијативи за поддршка на компаниите, зајакнување на економската дипломатија и унапредување на извозот.
Беше потврдена одличната досегашна соработка и изразено заемно задоволство од постигнатите резултати, при што се разговараше и за нејзино натамошно продлабочување, со цел обезбедување конкретни придобивки за компаниите и позитивно влијание врз вкупниот економски развој на државата.
На средбата беа разгледани и конкретни иницијативи и настани планирани за наредниот период, како можности за понатамошна соработка помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Стопанската комора.