„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Владата и Комората во нова инвестициска офанзива

Инвестиции за општествен развој

25.11.2025

Изјава на претседателот на СКСМ Бранко Азески, по повод почеток на нова сезона на подкастот „Бизнис Клуб 2“, 9.10.2025 г.

Дојдено е времето да се разговара за двојно поголем економски раст, но за тоа да се случи, треба и мора да се има општествен консензус за клучните прашања во државата.

За стопанството најважна е инфраструктурата, односно нормалното функционирање на бизнисите кои ја движат економијата. Затоа е потребно што побрзо завршување на започнатите проекти за изградба на патиштата и железницата, кои се крвоток на Македонија и секаде во светот. Тоа ќе значи побрз транспорт на стоки и поголем извоз во странство. Предолго се чекаше на овие проекти, за кои најавите се дека ќе има брзо заокружување. Соседите беа далеку пред нас, особено Косово, кој го реализира автопатот до македонска граница.

За државата мора приоритети да бидат зголемување на извозот, поддршка на иновациите и инвестиции во образованието, бидејќи тие се клучни за напредок на едно општество.