„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
20.11.2025
иницијатива на веќе изготвената и усвоена Регионална стратегија за транзиција на Пелагонискиот плански регон кон зелена економија - и отпочнат процес во рамките на Форумот Пелагонија-Преспа и оваа година, Регионалните комори со седиште во Битола и Прилеп при Стопанската комора во соработка со „Пролокал“ од Битола, на 19.11.2025 година во просториите на производствениот погон на „М Флекс – МАПЕТ“ во Битола го одржаа третиот по ред, Форум за унапредување на економскиот и општествен развој на нашиот регион Пелагонија и Преспа.
Темата на овогодишниот форум беше бизнисот и младите, развојот на човечките ресурси со фокус на унапредување на состојбата на младите, нивната економска и општествена активација и создавање локални можности за вработување и развој.
На настанот, пред повеќе од 200 учесници, со свои обраќања и размислувања се обратија:
Амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија, на Н.Е. Узлем Чанел; заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески; директорката на Агенција за иновации и технолошки развој (ИНОВА), Даниела Димовска; претседателка на „Про Локал“, Емилија Ѓероска; советничката за образование во кабинетот на претседателот на СКСМ, Наташа Јаневска; државениот секретар во Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу, како и претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски, кој го отвори работниот дел од форумот.
Во рамките на форумот се потпиша и Меморандум за формирање, воспоставување и развивање на Регионален младински хаб „Пелагонија“.
Регионалниот младински хаб, поддржан од општините и регионалните комори - потписници од пелагонискиот регион - ќе претставува продолжение и надградба на регионалната младинска платформа, иницирана од невладината организација „Про Локал“. Целта е насочена кон поврзување на младите, општините, академските институции, компаниите и граѓанскиот сектор. Активностите на регионалниот хаб ќе бидат поддржани од Амбасадата на Кралството Холандија во нашата земја во рамките на третото продолжување на запоичнатиот проект.
Регионалните комори од Битола и Прилеп при Стопанската комора на Северна Македонија и во иднина ќе поддржуваат иницијативи за развој како регионални центари за нови технологии, развој на дигитални компетенции, иновации, зелени практики и циркуларна економија со фокус на подготовка на младите за економијата на иднината и поддршка на компаниите во процесите на дигитална трансформација и примена на вештачката интелигенција.