„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Благодарност од Атинската комора до претседателот Азески, за организацијата на Бизнис - форумот и билатералните средби

13.11.2025

Претседателот на Атинската трговско-индустриска комора Јоанис Братакос, испрати писмо до претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, со благодарност за гостопримството и поддршката што СКСМ ја организираше за членовите на грчката бизнис делегација, за време на нивната посета на Македонија на 6 ноември, во рамки на организација на бизнис-форумот и билатералните средби помеѓу двете земји, на тема инвестиции и можности за бизнис-соработка.

Во писмото добиено од претседателот на Атинската комора, Братакос вели: „Членовите на делегацијата беа многу импресионирани од одличната организација и многу задоволни од продуктивните состаноци, што значително придонесе за целокупниот успех на мисијата. Атинската трговско-индустриска комора со нетрпение очекува да продолжи со уште поконструктивна соработка со вашата почитувана Комора, со цел понатамошно зајакнување на економските врски меѓу Северна Македонија и Грција“.

Бизнис форумот и билатералните средби на кои учествуваа над шеесет компании од двете земји, беше можност за претставување на можностите за инвестиции и за соработка преку вмрежување и воспоставување контакти. Во организацијата беа вклучени Стопанската комора на Северна Македонија, Атинската стопанска комора, Амбасадата на Р Грција, како и од Асоцијацијата на грчки извозници.

На настанот кој се одржа на 6 ноември 2025 година, претседателот Бранко Азески посочи дека - трговската соработка со Грција како моторна сила на економијата на Балканот е клучна, бидејќи мора да имаме земја партнер членка на ЕУ во рамки на евроинтегративните процеси.