„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
30.10.2025
.jpg) 
                                        Одржан 11. FMCG самит во Скопје, во присуство на претставници од врвниот менаџмент, секторите за маркетинг, трејд-маркетинг, набавка, логистика и продажба претставници на маркети, произведувачи, дистрибутери, консултанти, агенции и компании кои водат придружни дејности, а со свои претставници беше вклучена и Стопанската комора. Програмата понуди домашни и регионални приказни, од врвни говорници од Македонија, регионот и светот, говорници кои со присутните на настанот споделија практични искуства, инспиративни приказни, релевантни истражувања и конкретни совети што ќе го трансформираат пристапот кон секојдневното работење.
.jpg)
На настанот акцент беше ставен на репозиционирање за раст со акцент на промена на пазарниот модел со ценовната стратегија во фокусот во време на инфлација, променети потрошувачки навики и растечка конкуренција, кога ценовната стратегија станува клучна алатка за одржлив раст. Беа претставени и нови технологии кои ја менуваат малопродажбата со примена на современи софтверски решенија за управување со електронски ознаки за цени (ESL), со акцент на нивната интеграција во системите на малопродажбата и нивните реални деловни придобивки. Во обраќањата беше промовиран и концептот од стратегија до резултати како движечка сила и клучен механизам што овозможува стратегијата да остане релевантна, прилагодлива и ефективна во динамично опкружување.
Експертите говореа и за концептот од план до профит, односно како компанијата да создаде повеќе од очекуваното и како компаниите да ги надминат сопствените очекувања преку јасна стратегија, ефективно лидерство и култура на одговорност.
.jpg)
На целодневната конференција на која учесниците имаа можност за вмрежување и воспоставување нови партнерства покрај серијата презентирања, беше реализирана и панел дискусија на тема - Дисконтизацијата на малопродажбата – крај на старите правила?, на која учествуваа Алма Растодер – ИнСторе, Ѓорѓи Петрушев – генерален директор на Млекара АД Битола, Трајче Цветановски – генерален директор на Кам Маркет и Климе Булоски – генерален директор на Gemak Trade. Во рамки на дисксуијата беше констатирано дека дисконтизацијата веќе не е тренд, туку процес што го менува ликот на македонската малопродажба. Домашните дисконтери брзо го редефинираат пазарот со фокус на цената и ефикасноста, а најавените нови формати само го забрзуваат тој процес. Панелот ги отвори прашањата што денес ја обликуваат иднината на малопродажбата – од локална перспектива, но со регионален контекст.