„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Веб-страницата на Стопанската комора со беџ за сајбер безбедност

01.10.2025

Веб-страницата на Стопанската комора на Северна Македонија доби официјален беџ за сајбер безбедност, издаден од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).
Овој беџ претставува потврда дека сајтот на Комората е усогласен со највисоките стандарди за заштита на податоците и безбедност на онлајн-комуникацијата. Со тоа се обезбедува сигурен пристап за сите корисници, како и заштита на личните и деловните информации што се споделуваат преку веб-страницата.

Беџот е визуелна ознака која секоја организација што успешно го завршила процесот за само-евалуација ќе може да го постави на својата на веб-страница. На тој начин на своите корисници на производи и услуги ќе им предочи дека станува збор за организација која имплементира мерки и контроли за сајбер безбедност и следи добри практики во своето работење.