„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

РЕАЛИЗИРАНИ СРЕДБИ НА ЛИДЛ СО ДОМАШНИ КОМПАНИИ – ВКЛУЧУВАЊЕТО НА ЛОКАЛНИТЕ КОМПАНИИ ВО ЛАНЦИТЕ НА СНАБДУВАЊЕ Е ВАЖЕН СЕГМЕНТ ОД ФИЛОЗОФИЈАТА НА ЛИДЛ

20.05.2024

Повеќе од 130 домашни компании имаа можност да се запознаат со потенцијалите за соработка со Лидл Северна Македонија, чија филозофија се базира токму на вклучување на локалните компании од земјата во која делува во својот асортиман на производи. 
Стефан Георгиев, директор на сектоот за набавка во Лидл Северна Македонија пред присутните соопшти дека и покрај тоа што Лидл во земјава сеуште не е целосно оперативен, комуникацијата и соработката со локалните партнери е веќе започната, за што говорат неколку успешно реализирани активности за промоција на македонски традиционални производи во Лидл Србија и Лидл Бугарија, каде во македонска недела беа претставени традиционални производи како ајвар, пастрмајлија, кочански ориз, тиквешко вино, македонско јагне и сирење. Од Лидл, соопштуваат дека до крајот на 2024 година преку реализираните активности кон Србија и Бугарија реализирале извоз во вредност од над 2.000.000 евра, што претставува четирикратен раст во однос на минатата година. Македонското овошје и зеленчук благодарение на Лидл Северна Македонија е достапно на потрошувачите на Лидл во Србија, Бугарија, Романија, Полска, Чешка, Словачка и Германија веќе втора година по ред, со забележителен континуиран раст на побарувачката.
Вториот дел на презентацијата беше фокусиран кон презентација на условите и критериумите за остварување на соработка со Лидл во кои квалитетот на производите и примената на светските стандарди за безбедност на храна и други производи се основниот императив за вклучување во ланците на снабдување, кои преку Лидл во Северна Македонија даваа можност за извоз кон останатите пазари на кои е присутен Лидл. Во рамки на овој дел беа презентирани и успешни приказни од постоечки домашни компании кои се вклучени во синџирите на набавка на Лидл.
По официјалниот дел следеа средби помеѓу претставници од одделот за набавки во Лидл Северна Македонија и повеќе од 130 домашни компании кои имаа можност да го претстават своето портфолио на производи.

Брендот на Лидл, како дел од групацијата Шварц, присутен во 31 земја, со промет од 114 милијарди евра, 12 200 маркети и над 380 000 вработени. Лидл Северна Македонија е членка на Стопанската комора на Северна Македонија и Советот на странски инвеститори. Годинава Лидл започна со инвестиција  - изградба на логистички центар во Куманово кој ќе ги опслужува потребите на Лидл во Северна Македонија и јужна Србија.