„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Георгиева-Јовевска меѓу наградените „Најуспешни жени менаџерки“

15.05.2024

Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседателка на Стопанската комора и советничка во Кабинетот на претседателот на Комора за економски развој и инфраструктура, ќе биде една од наградените „Најуспешни жени менаџерки“ на овогодишната манифестација организирана од агенцијата „Марили“. Настанот, традиционално по 28-ми пат, ќе се одржи на 18 мај во Скопје. 
Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска е препознаена и пофалена како една од водечките жени менаџери во земјата, поради нејзиниот придонес во Комората. Во својата 22-годишна кариера, Георгиева-Јовевска извршува клучни позиции во Стопанската комора, како генерален секретар и извршен директор на Комората, и шеф на кабинет на претседателот на Комората. Преку нејзините управувачки и лидерски вештини таа успешно води бројни иницијативи на Комората што ги засили позициите на македонските компании и го зајакна коморското вмрежување. 
Статуетката „Жена водилка“, покрај Георгиева-Јовевска, ќе ја добијат и уште девет менаџерки од Р.С.Македонија и три од Р.Србија и Р.Хрватска. 
Целта на оваа манифестација е да ги поттикне и охрабри идните генерации, особено девојките, да се стремат кон успех во бизнисот и во животот, со фокус на знаењето, непрекинатото учење и надминување на предизвиците. Оваа иницијатива е и поттик за рамноправноста на половите и профилирање на лидерство кое ќе биде пример за идните генерации. 
Во продолжение, во целост го објавуваме список со овогодишните лауреатки, според најавата на организаторите: 
•    Д-р  Катерина Бошевска
Генерален директор, ЕОS Македонија и  EOS Косово
•     Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска 
Генерален менаџер, Камел 98 – Виница
•    М-р Евгенија Ѓорѓиеска
Извршен менаџер, Ламинати КОМ Доо – Прилеп
•    Цветанка Илиева
Генерален менаџер, Бистро Груп ДОО – Гевгелија
•    М-р Ирена Јакимова 
Генерален менаџер,Инспирит Коучинг- Скопје
•    Д-р Јелисавета Георгиева – Јовевска 
Потпретседател  на СКСМ, Стопанска комора на С. Македонија
•    M- р Клаудија Лутовска
Генерален менаџер, Сеттим Консалтинг – Битола
•    Марија Патриклиска
Менаџер за човечки ресурси, ЕАМ ДОО – Штип
•    М-р Маја Наумовска – Савеска
Директор на корпоративни и маркетинг комуникации, Халкбанк АД  – Скопје  
•      М-р Весна Ставрова
Генерален менаџер, ПЗУ Аптека  „Сара Фарм“ – Скопје
•    Д-р Сања Путица
Менаџер за односи со јавност и инвеститор, Атлантска пловидба д.д – Р. Хрватска
•     М-р Дариа Шуриќ 
Генерален менаџер, DarMell  – Р.Хрватска 
•    М-р Зорана Пејчиќ
Генерален менаџер и Претседател на ИО, ДУНАВ РЕ (Дунав Реосигурување) ,  Р.Србија