„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Зелената транзиција е врвен приоритет кој го диктира и економскиот развој на државите и оттука решавањето на ова прашање во директна корелација со развојот на индустријата бара сериозни дискусии, дебати и дефинирање приоритети, вели претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, на отворањето на конференцијата насловена - „Индустријата и животната средина: профитот не е единствената цел“, организирана заедно со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Во своето поздравно обраќање Азески посочи дека бизнисот е свесен за состојбата, екологијата е приоритет во секој индустриски капацитет, бидејќи светски поставените цели на Обединетите нации, влијаат на конкурентноста на домашните компании. Секако треба да се градат национални ставови и по двете прашања (екологија и индустрија), ако сакаме да реализираме економски развој на државата.
Согласно светските случувања, деловниот амбиент за компаниите е прилично неизвесен, а мала земја како нашата нема влијание на состојбите и затоа е потребно прилагодување на бизнисите. Во Европа војната во Украина но и регионалните предизвици исто така се одразуваат на креирање соодветен регионален пристап на економијата. На домашен план, бизнисот бара да се унифицира ставот по неколку клучни приоритети од кои зависи економскиот развој на државата: намалување на корупцијата и сивата економија, брза гасификација, директна извозна поддршка од државата за бизнисот, раст на регионалниот пазар. Затоа е потребно градење единство на повеќе фронтови, посочи претседателот на СКСМ.
На конференцијата заеднички беше констатирано дека заштитата на животната средина и долгорочната конкурентност на економијата се тесно поврзани. Но, во услови на изразена неизвесност и непредвидливост на глобалната економија постои ризик прашањата поврзани со заштитата на животната средина да бидат потиснати во втор план. Затоа, исклучително е важно да се разговара, да се разменуваат искуства за добри практики и да се бараат долгорочно одржливи решенија. Тоа може да им помогне на компаниите и на други засегнати страни полесно да носат стратешки одлуки за иднината.
Воведни обраќања на настанот имаа и претставникот на УНДП Армен Григорјан и Бен Нупнау од Делегацијата на ЕУ, кои кој акцент ставија на фактот дека животната средина е дел од секој производствен процес и дека е потребно заеднички да се работи во насока на поддршка на еколошките стандарди со истовремено развивање на конкуренти компании за економски развој.
Во рамки на конференцијата се реализираа три панели на кои ќе учествуваа министри, владини претставници и претставници на бизнис заедницата. На панелот насловен „Дата-центрите, расчистување на мистеријата“, панелисти беа министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и софтверскиот инженер Петар Пешев од Ултра. На вториот панел посветен на „Декарбонизација на индустријата, технологии и финансирање“, зборуваа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, Волфганг Маиер, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Волфганг Маиер, Марија Дуковска-Павловска од Макстил и Тони Стојановски од НЛБ Банка ад Скопје. Третиот панел за „Циркуларна економија, заштита на животната средина и биодиверзитет“, за говорници ги имаше Даме Димитровски, советник на претседателот на Владата, Жан-Франсоа Море од Делегацијата на ЕУ, Ѓулај Гештаковска од Кондево и Филип Ивановски од Пакомак.