„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Државниот завод за статистика за првпат објави податоци за меѓународната трговија со услуги, кои се однесуваат на 2024 година и претставуваат основа за подетална анализа на овој сегмент од економијата.
Според Анета Димовска, проектен менаџер во Стопанската комора на Северна Македонија, експерименталните податоци покажуваат дека извозот на услуги во 2024 година изнесувал близу 2,1 милијарда евра, додека увозот бил приближно 1,1 милијарда евра. Тоа значи дека Македонија остварила суфицит во надворешнотрговската размена со услуги.
Овие податоци се значајни, особено во контекст на континуираниот трговски дефицит кај стоките, бидејќи суфицитот кај услугите придонесува за подобрување на вкупната платно-билансна позиција на земјата. Анализата на овие показатели може да биде основа за креирање конкретни мерки за поддршка и унапредување на извозот на услуги.
Изјавата е на линкот https://youtube.com/shorts/54jnu0l53eo?feature=share