„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Коморски Инвестициски Форум (КИФ)

Одржан тренинг за GS1 стандардите во новата ера на глобалната трговија

12.11.2026

| Новости

Скопје, 12 ноември 2026 година - Во рамки на проектот на Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан - 6, во Скопје се одржа еднодневен тренинг на тема „GS1 стандарди во новата ера на глобалната трговија“.

Содржините ги презентираше GS1 Македонија, националната организација за GS1 стандардите.

Претставници од 40 компании научија како се означуваат производите и испораките според меѓународните стандарди и зошто тоа е сè поважно за компаниите што извезуваат или работат со европските синџири на снабдување. Тренингот ги опфати следниве теми:

•       Европската логистичка етикета: идентификација на производите, логистичките единици и локациите (глобален број на трговската единица, сериски код на контејнерот за испорака и глобален локациски број) и како етикетата на палетата го олеснува работењето на испраќачот, дистрибутерот и примачот;

•       следливоста и дводимензионалните баркодови: зошто следливоста е важна при повлекување на производи, за заштита на потрошувачите и за борба против фалсификувањето, и како се одвива преминот од еднодимензионални кон дводимензионални баркодови;

•       дигиталниот пасош за производи и новата регулатива на Европската унија;

•       практични примери и софтверски решенија за примена на GS1 стандардите во секојдневното работење на компаниите.

Стручните презентации, практичните примери и дискусијата им покажаа на учесниците што е потребно нивните производи и испораки да ги исполнат барањата на меѓународните пазари.

Тренингот беше наменет за претставници на производствени компании, извозници, дистрибутери, трговски компании и логистички оператори.

Активноста се спроведе со поддршка од Европската унија за Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан за развој на заеднички регионален пазар.