„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Како до подобри извозни перформанси

16.10.2026

| Новости

Подобрувањето на извозните перформанси бара координирана соработка меѓу Стопанската комора и државните институции, јасна поделба на улогите и соодветна финансиска поддршка.

М-р Анета Димовска, проектен менаџер за активностите поврзани со извозот во Стопанската комора, посочува дека како мала држава со ограничени ресурси, Северна Македонија треба да ги насочува капацитетите таму каде што можат да дадат најдобри резултати. Како пример ја посочува Австриската стопанска комора, која со поддршка од владата спроведува извозна промоција преку мрежа на претставништва во повеќе од 100 држави.

Проф. д-р Дарко Лазаров, проректор за инвестиции, развој и одржување при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и претседател на Клубот на извозници при Комората, ја издвојува Босанската надворешнотрговска комора како пример за успешна институционална соработка. Според него, за сериозна поддршка на извозот се неопходни координација меѓу Комората и државата и обезбедување соодветни финансиски средства.

Целиот разговор е на линкот https://youtube.com/shorts/F-KmsTH7zYI?feature=share