„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Компанијата ВВ Тиквеш испрати писмо до Комората со кое во име на раководството и вработените во компанијата искажуваат благодарност и особено признание за професионалниот ангажман, стручност и посветеност во процесот на воспоставување, унапредување и успешна имплементација и сертификација на стандардот за квалитет и безбедност на храната, од страна на Емилија Тодоровска, експерт за имплементација на стандарди и дел од стручниот тим на Стопанската комора.
Во писмото испратено на адреса на СКСМ, стои:
|
„Благодарение на Вашиот професионален пристап, во текот на соработката постигнавме значајни подобрувања во: · воспоставувањето и унапредувањето на системите и процедурите; · следливоста и контролата на процесите; · подигнувањето на нивото на квалитет и безбедност на храната; · зголемувањето на свесноста и одговорноста кај вработените; · подготвеноста на компанијата за сертификацискиот процес; · практичната примена на барањата на стандардите во секојдневното работење. Со Вашата стручност и посветеност значително придонесовте во успешната сертификација, при што Вашата достапност и подготвеност да бидете директно вклучени во работата со нашите вработени и навремена реакција беа од особено значење. Во текот на целиот процес покажавте дека квалитетната консултантска поддршка не подразбира само пренесување на знаење, туку и активно учество, тимска работа и преземање одговорност за заедничкиот успех. Вашиот однос кон нас беше професионален, коректен и исклучително посветен. Со својата комуникација и начин на работа успеавте да изградите доверба и да станете вистински партнер на нашиот тим во процесот на унапредување на работењето на компанијата. |
ВВ Тиквеш, изразува благодарност за досегашната соработка и како што стои во писмото - со целосна доверба би ја препорачале професионалната работа на компании кои имаат потреба од стручна, практична и посветена поддршка при имплементација и сертификација на системи и стандарди.