„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Социјализацијата и прилагодувањето на учениците во реална работна средина, во која практично ќе ги применуваат теоретските знаења и ќе ги развиваат своите вештини се меѓу главните карактеристики на дуалното образование. За компаниите овој модел е придобивка, бидејќи претставува можност да ги подготвуваат идните вработени според својата организациска структура и потребите на работните процеси. Вистинските луѓе на соодветните работни места се клучни за успешно работење и зголемување на продуктивноста.
Дуалното образованиестана реалност за компаниите, кај кои сè повеќе расте свеста дека соработка со стручните училишта и приемот на ученици за практично образование се само дел од процесот. За постигнување на целта, компаниите се вклучуваат и во подготовката на образовните програми за стекнување квалификации и во воспоставувањето стандарди за обезбедување квалитет на учењето преку работа.
Тоа подразбира обезбедување стручен кадар - ментор за практично образование кој ќе ја приспособи работната средина за учење и ќе работи со учениците - како и верификација на работодавачот. Со верификацијата се потврдува дека компанијата ги исполнува просторните, работните и безбедносните услови и располага со соодветна опрема, машини и алати за реализација на практичното образование.
Стопанската комора на Северна Македонија придонесува за обезбедувањето квалитет преку спроведување на двата процеса: организирање обуки за сертификација на ментори и проверка на исполнетоста на условите кај работодавачите за практично образование. Во следниот период во насока на исполнување на индикаторите од Реформската агенда, Комората продолжува активно да ги спроведува овие процеси.
Досега, потврда за исполнетост на условите за практично образование и обука на ученици добија следните работодавачи: Магна мекатроникс, Штип; Булмак, Пробиштип, подржница рудник Злетово; Булмак, Пробиштип, подружница рудник Тораница, Крива Паланка; Центар за јавно здравје, Кочани; ЈКП Водовод, Кочани; Aгенција за катастер на недвижнини, Скопје; Електрани на Северна Македонија – Подружница Рек, Битола и Подужница РЕК Осломеј, Кичево; Макпрогрес, Виница – подружница хотел ресторант Алаксандар Парк и подружница хотел Централ, Виница; Геинг, Скопје; Мериан Ас, Скопје; Корона Душко, Неготино; Страдун, Скопје; Флораком, Скопје; ЈП Паркови и зеленило, Скопје; Проксимус, Скопје, Дени интернатионал, Скопје; Кромберт и Шуберт, Скопје, Дрекслер Маер, Кавадарци, Вардар Доломит, Гостивар, Адвокат Перица Спасоски, Куманово, Здравен дом, Крива Паланка и др.