„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Најново од комората

Младите кадри пред бизнисот предложија 20 иновациски проекти во Прилеп

26.09.2026

| Новости

Образованието останува високо во фокусот на бизнисот. Заедно со Стопанската комора, директно подржани иновативни процеси на тимови од средните стручни училишта.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески присуствуваше на настан организиран во општината Прилеп, каде околу 40 млади од средните стручни училишта од градот и околината, пред бизнис заедницата претставија 20 бизнис идеи за иновации кои наоѓаат примена во стопанството и секојдневниот живот, со компонентна на еколошка свест и технолошки напредни карактеристики. Настанот „Пич сцена Прилеп“, го организираа невладината „Генвајб“ од Прилеп и Регионалната Стопанска комора, на кој присуствуваа и високи претставниците од  Стопанската комора на Македонија. 

  
 

Претседателот на прилепската регионална стопанска комора Никола Мариноски нагласи дека ова е мотивација, младите да размислуваат претприемнички и дека во свет на индивидуализам, младите ќе може да бидат слушнати, да се докажат пред јавноста и нивните идеи да бидат прифатени.  

 

Комората, која образовната политика ја става со години високо во фокусот на своите приоритети и е една од трите клучни прашања на кои работи, го охрабрува вакви проекти, бидејќи стопанствениците се заинтересирани да ги прифатат. Без образование и без соодветен кадар ние не може да размислуваме за развој на економијата. Импозантно е што младите се од средните стручни училишта, а ние, како Комора, повеќе од деценија и половина работиме на поттикнување на дуалното образование. Постои голем интерес кај бизнис секторот за поддршка на иновативните идеи и проекти кои ќе најдат примена во стопанството. Всушност неколку години наназад Комората со меѓународни финансиски партнери инвестира во средните стручни училишта за нивно опремување со цел реализација квалитативна практична обука а се со цел да се обезбеди кадар за потребите на пазарот и онака како што налага економската стратегија на државата. 

Прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски им порача на младите да веруваат во своите идеи кои наидуваат на поддршка и од локалната самоуправа. Истакна дека како општина сакаме да градиме средина во која младите нема воопшто да размислуваат како да заминат, туку ќе имаат причина да останат, да создаваат и да успеат тука. Прилеп е град со силен стопански и претприемачки дух. Тоа е град во кој со децении се создава, се произведува, се инвестира и се работи. Затоа вели градоначалникоѕ, сметам дека е сосема природно токму овде да отвораме простор за новата генерација претприемачи.

Следејќи ги презентациите на тимовите, претседателот Азески, во присуство на извршниот директор на Комората м-р Антони Пешев и проф. д-р Дарко Лазаров, проректор за инвестиции и развој при УГД - Штип и претседател на Клубот на извозници при Комората на еден од учесниците му додели статуетка со коморски знак во чест на извонредно предложено иновативно решение, а на сите учесници им беа поделени книги во продукција на Комората чиј автор и иницијатор е токму претседателот на Комората.

 
 
По целосно заокружување на презентациите, извршниот директор на СКСМ во присуство на претседателот на РК Прилеп им врачи симболични парични награди на трите прво наградени и статуетки со коморскиот знак, а организаторот „Пич сцена Прилеп“, како катализатор за младинското претприемништво во Прилеп им додели сертификати на сите 40 ученици