„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Најново од комората

Азески и Ставреска во Женева

14.09.2026

| Новости

Тие се поканети да присуствуваат на доделувањето на наградата ISAR HONOURS на UNCTAD за 2026 година, а Стопанската комора ги помина сите филтри и ќе биде дел на одлучувачкото гласање за наградата.

Оваа награда има за цел да ја зголеми свесноста и да ја промовира размената на најдобрите меѓународни практики во областа на одржливоста и известувањето за целите на одржлив развој (SDGs), како неразделен дел од корпоративното нефинансиско известување на компаниите. Наградата е воведена во 2018 година, а досега номинирани биле околу 450 иницијативи од преку 60 земји во светот, кои потекнуваат од 6 разни географски региони во светот.

Нашата Комора има направено повеќе работи во доменот на одржливите практики за компаниите и тоа:

а. Водич за декарбонизација (EIB), што го воведовме за компаниите

б. Формирање Центар за циркуларна економија

в. ESG стандарди кои ги промовираме, ISO стандарди, CBAM водичот...

Со ова Комората добива интернационално признание за своите заложби за подигање на свесноста и имплементацијата на овие стандарди кај приватниот сектор. На 01 октомври, во Женева ќе бидат промовирани наградените.