„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Здружението за градежништво ја поздравува најавата на Министерството за транспорт дека по долг временски период домашна компанија ќе биде носител на реализација на голем инфраструктурен проект. Ова е позитивен сигнал за македонското градежништво и потврда дека домашните компании имаат знаење, капацитет и потенцијал да реализираат капитални инвестиции од национално значење.