„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Стопанството во Македонија сега е со големо искуство, имајќи предвид дека од 2008 година наваму сме постојано во некоја форма на криза. Долг период се наоѓаме во една грч ситуација. Навреме стартувавме со мерките и очекуваме дека ќе ја задржиме ситуацијата под контрола, изјави претседателот на Комората Бранко Азески во „Тема на денот“ на МТВ.
Заедно со Владата имаме сет на мерки за минимум еден месец и се надеваме дека ќе се справиме. Три до четири недели интензивно сме на линија, и заедно ги конципираме мерките.
Треба да се биде крајно внимателен со акцизата и ДДВ-то. Може да се проектира во понатамошна фаза и користењето на стоковите резерви, а како опција е и замрзнување на цените на влезната компонента и на потрошувачката компонента што може да ја стабилизира ситуацијата.
Во продолжение целиот разговор со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, гостин во „Тема на денот“ на МТВ, со Сузана Фиданска Стоевска.